Почетна » Новости » Занимливости » Последниот подарок: Девојка добила цвеќиња од покојниот татко, а неговата порака за неа допре до илјадници срца

Последниот подарок: Девојка добила цвеќиња од покојниот татко, а неговата порака за неа допре до илјадници срца

Откако му бил дијагностициран рак на панкреасот во напреден стадиум, грижлив татко од Тенеси се погрижил да биде присутен на родендените на неговата ќерка Бејли и по напуштањето на овој свет.

Пред својата смрт, таткото напишал писма за секој роденден на Бејли и однапред уплатил за писмата да ѝ пристигаат заедно со голем букет. Така успеал да остане присутен во животот на својата ќерка и на секој нејзин роденден уште еднаш да ѝ покаже колку ја сака.

Роденден

За 21. роденден на Бејли стигнало последното писмо со вообичаениот букет. Со оглед на тоа што тоа било последното писмо, Бејли решила да ја сподели со јавноста грижливата постапка на татко си и писмото да го објави на Twitter. Емотивната содржина за кратко време стана вирална и допре до илјадници луѓе.

„Татко ми почина од рак кога јас имав 16 години и пред да почине однапред уплати за да можам да добивам цвеќиња на секој мој роденден. Овие се цвеќињата за мојот 21. роденден и тие се последните цвеќиња. Многу ми недостигаш, тато“ – напиша Бејли на Twitter.

Роденден

Покрај фотографиите од цвеќињата и од писмото, Бејли ги споделила и зборовите со кои татко ѝ се разделил од неа. Во писмото стоело: „Бејли, ова е моето последно љубовно писмо за тебе, сѐ додека не се сретнеме пак. Не сакам веќе да пролееш ниту една солза за мене, мое малечко девојче, бидејќи јас сум на подобро место. Ти си и секогаш ќе бидеш најскапоцениот камен што ми бил даден. Ова е твојот 21. роденден, сакам да ја почитуваш мајка ти и да останеш тоа што си. Биди среќна и живеј го животот до максимум. Сѐ уште ќе бидам со тебе на секој твој важен настан, само погледни околу тебе и таму ќе сум. Те сакам и среќен роденден. Тато“.

Роденден

Според Бејли, тоа што неговите топли зборови го обиколија светот и наидоа на одобрување од преку 3,2 милиони корисници на кои им се допадна неговиот гест, би го направило татко ѝ многу среќен. „Тој се обидувал да го направи мојот роденден спектакуларен. Би бил многу горд кога би знаел дека допре толку многу луѓе“ – вели Бејли.

Роденден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.