Почетна » Новости » Занимливости » Пораката на мајка на девојче со Даунов синдром кое префати настинка до родителите кои ги носат децата болни на училиште

Пораката на мајка на девојче со Даунов синдром кое префати настинка до родителите кои ги носат децата болни на училиште

Мајка на девојче со Даунов синдром со лутина им се обрати на родителите кои ги носат своите деца болни на училиште, без барем малку да се загрижат дали и другите деца ќе ја префатат настинката.

Марија Џордан објави трогателна фотографија на која нејзината ќеркичка лежи во болница, за да покаже што може да им се случи на децата со вакво нарушување од еден „обичен“ грип.

„Солзи и гнев извираа од мене денес во училиште. Ја зедов Џордан Грејс дома. Кога мојата ќерка ќе добие обична настинка, таа може да заврши вака! Не можам да разберам зошто луѓето би ги ставиле другите во ризик „бидејќи имаат толку многу работи за правење“ (училиштето не е бебиситерски клуб). Не само што другите се ставени во ризик, туку и вашето сопствено дете има потреба вие да го негувате, да го сакате, да се грижите за него за тоа да оздрави.“

„Кога Џордан Грејс е болна, јас мислам прво за неа и колку мизерно ќе ѝ биде во школо. Дека ѝ треба мајка ѝ да биде покрај неа и да се грижи за неа. Но, јас исто така мислам и на другите, не сакам моето дете да заразува другите деца, особено оние кои можат да завршат во болница, поради тоа што нивните мали тела не можат сами да се изборат со болеста.

„Ако се грижиме повеќе за светот околу нас, а не само за нас, тогаш овој свет би бил многу подобро место за живеење“ – стои во постот на револтираната мајката.

Марија со ќеркичката

Мајката од Канада инспирира десетици родители да раскажат слични случки со своите деца.

Грејс

Марија наиде и на негативни коментари, но потоа го надополни постот и се изјасни дека пораката се однесува на родители кои НЕ работат, а ги праќаат дечињата болни на школо, само за да си ги завршат „поважните обврски“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11134 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.