Почетна » Новости » Занимливости » „Понекогаш треба да пронајдеш мир во хаосот“: Мајка порачува дека не треба да се занемари врската со саканиот по раѓањето на децата

„Понекогаш треба да пронајдеш мир во хаосот“: Мајка порачува дека не треба да се занемари врската со саканиот по раѓањето на децата

Иако главниот приоритет на родителите е грижата за малечките, тие никогаш не треба да ја направат грешката да ја занемарат негата на нивната меѓусебна љубов.

Блогерката Морган Ремзи преку порака на Facebook порачува дека брачните парови мора да пронаоѓаат начини да ја одржат љубовната искра и покрај бројните обврски.

Семејство

Понекогаш треба да пронајдеш мир во хаосот.

Еден ден, ќе се разбудиш и ќе се запрашаш, „Што правам? Зошто чувствувам дека ова не е правилно?“.

Тогаш ќе сфатиш дека вашите прашања „Како сакаш да се забавуваме денес? Каде ќе излегуваме вечер? За што сакаш да зборуваме денес?“, се претвориле во „Ќе ја промениш ли пелената на бебето?, Те молам, ќе ми помогнеш ли да исчистеме? Ќе станеш ли ти за бебето овој пат?“ и одеднаш си исклучен од слободниот авантуристички живот кој некогаш го имаше.

Исцрпени сте, обесхрабрени од недоволното внимание кое си го посветувате еден на друг. Во најголем дел од времето, децата се на прво место, но не заборавајте каде сè започна.

Потребата од константно внимание е вистинска, ако не ми верувате, прашајте ги моите деца. Не заборавајте дека и вие сте човек, а чувството дека си заборавен е исто така реално.

Одвојте си време во денот за да разговарате за што било друго, освен за децата, работата и парите. Прашајте го партнерот каков му беше денот и слушајте што ќе ви каже.

Не потценувајте го товарот на стресот кој секој од вас го носи секој ден, не ја споредувајте болката.

Секогаш зборувајте за ноќта кога се запознавте. Потсетувајте се на искрата која ја разгори вашата романса.

КОМУНИЦИРАЈТЕ!

Едноставен коментар од типот „сакам кога косата ти е разбушавена“ може да го разубави денот побрзо, одошто децата можат да уништат една соба.

Истото е и со брз бакнеж на челото или силна прегратка околу половината додека готвите вечера за да му покажеш дека го цениш.

Понекогаш кога сакаш да заплачеш, насмеј се.

Прифати го прекрасниот хаос којшто сте.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25884 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.