Почетна » Новости » Занимливости » „Помалку сликавме, повеќе живеевме. Тоалетната не доаѓаше во 17 ароми“: Статус кој ќе ги допре сите кои растеа во 80-тите и 90-тите

„Помалку сликавме, повеќе живеевме. Тоалетната не доаѓаше во 17 ароми“: Статус кој ќе ги допре сите кои растеа во 80-тите и 90-тите

Facebook статус ќе ви ја разбуди носталгијата за времето кога детството беше безгрижно и никој не беше зависен од социјалните мрежи.

Фахрие Евџен и Бурак Озчивит

Порака на Есмералд Смајиќ допира до сите оние кои растеа во 80-тите и 90-тите години. Прочитајте ја:

Ми недостига...

До кога смееше да остануваш надвор? До мрак.

Ручекот одеше во уста, а не на Facebook. Топката сладолед не беше 20, туку 5 денари и никој не ни кажуваше дека вкусот на небесно синиот сладолед е чиста хемија.

Доматот имаше вкус на домат, јагодите на јагоди. Водата немаше вкус и сите ја пиевме од цревото и останавме живи. Тоалетната хартија не доаѓаше во 17 ароми.

Кога ќе беше немирно, деконцентрирано дете, тоа беше знак дека си дете. Имавме расцепени колена (јас и глава). Тинејџерите изгледаа како тинејџери. Денес средношколките се како добро одржани 40-годишни жени.

Не доцневме за излегување бидејќи се знаеше што значи пола час и дека не можеш да се јавиш кога ќе доцниш. Се пишуваа писма. Се праќаа разгледници. Се јавувавме на телефон и едвај чекавме да заѕвони. Денес сите се залепени за мобилните телефони.

Кога тетката на каса немаше да ти врати кусур, си земаше мастика. Пластичните шишиња се собираа за складирање на ракија, а не за преживување. Имавме само неколку вида чоколада и никој не беше алергичен на глутен. На родендените бевме залепени за друштвените игри, а не за друштвените мрежи. За поклони си даваме лексикони и споменари. Главна фаца во класот беше ако имаше најмногу потписи во лексиконот. Денес, главна фаца си ако имаш iPhone.

Во школо се плашевме од учителите. Денес, учителите се плашат од родителите.

Песни се слушаа на вокмен, од почеток до крај. Во касетофонот секогаш имавме подготвени касети за да ја снимиме песната која ја чекаме. Никогаш не успевав да го снимам првиот дел од песните. Филмови изнајмувавме од видеотека. Телевизорите ни беа мали и имаа лоша слика, но кога се гледаше филм, се гледаше филм. Денес го пропушташ пола филм, бидејќи ги известуваш луѓето на Facebook дека гледаш филм.

Се фотографиравме само кога беше важно – 12, 24, 36 фотографии во еден филм, во зависност од тоа колку пари имаш кога купуваш филм. Немаше ‘дај да видам како изгледам’, тоа ќе го дознаеш откако ќе се развие филмот. Понекогаш ќе се осветлеше филмот и сè ќе исчезнеше... но поради тоа ја ценевме секоја фотографија што ќе беше успешна. Помалку ги фотографиравме ситуациите, а повеќе ги живеевме. Не ни требаше хаштаг ‘без филтер’.

Се јавувавме од говорници, ако ништо друго, само за да го слушнеш симпатијата од другата страна како вели ‘АЛО’ и да ја спуштиш слушалката. Броевите ги знаевме напамет. Во кино не се чекиравме за сите да видат дека сме во кино – сите пријатели беа со нас. Филмското платно беше помало, столиците неудобни, но рекламите не траеја 17 часа.

Имавме помалку, но од тоа малку направивме многу. Беше поубаво – јагодите беа јагоди, сладоледите беа вистински и детството се состоеше од детски работи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.