Семејството Полторатски од Тексас живеело одвоено веќе 9 месеци. Мајката Лејси и нејзиниот сопруг Павел биле војници во Армијата на САД распределени на мисија во Кувајт, а нивните две деца биле привремено згрижени од нивните баба и дедо.
Кога мисијата на Лејси завршила, таа им приредила топло изненадување на своите две деца и без нивно знаење се појавила во нивните училишта. Реакциите на малиот Декстон и на седмоодделенката Џејси Бел биле бесценето добредојде за неа.
Видео


Сопругот на Лејси пристигнал дома една недела пред неа. Штом го дознала точниот датум на своето пристигнување, ѝ се исполнила желбата да биде заедно со своето семејство за Денот на благодарноста. Таа го смислила празничното изненадување и се договорила со службите во градинката на Декстон и училиштето на Џејси Бел, кои ѝ помогнале да го оствари ваквиот план.

Кога Лејси пристигнала во градинката, воспитувачката на Декстон им најавила на дечињата дека тој ден имаат посебен гостин кој сака да зборува со нив. Потоа Лејси влегла во училницата, а детето веднаш истрчало и ѝ се фрлило во прегратка.

„Започнав да плачам уште додека одев низ ходникот. Се обидував да се соземам за да не влезам толку расплакана во училницата пред куп дечиња. Сите деца седеа на тепихот, нивните главчиња се свртија кон мене и само што влегов го слушнав извикот ‘Мама!’ Прекрасно беше повторно да го прегрнам. Тој плачеше.“ – го раскажува своето емотивно искуство Лејси.

Лејси потоа заминала кон училиштето на ќерка си и таму се појавила облечена како училишната маскота. „Плачев уште додека бев во маската. Џејси Бел ја сака оригиналноста и драмата. Возбудена бев бидејќи знаев дека големото изненадување ќе биде добро прифатено. Договорено беше таа да стои до мене, а јас започнав да ја гибам и да ја задевам бидејќи не можев да издржам да не го правам тоа додека таа ми е толку блиску“ – вели Лејси. Таа најпосле ја извадила маската и девојчето не можело да им поверува на своите очи.




Празничната атмосфера во семејството се почувствувала веднаш, а сите биле пресреќни што Денот на благодарноста ќе го поминат заедно. „Моите сестри веќе го започнаа групниот разговор за вечерата за Денот за благодарноста и одлучија што треба да подготвам јас. Не ги потсетив дека немам ништо во фрижидерот“ – се шегува Лејси и среќно раскажува дека децата веќе имаат многу планови за заеднички активности со родителите.