Почетна » Новости » Занимливости » Перењето и сушењето алишта може да биде многу полесно и поевтино, но и поздраво со Hisense!

Перењето и сушењето алишта може да биде многу полесно и поевтино, но и поздраво со Hisense!

Супериорната технологија на новите Hisense машини за перење и сушење алишта ќе ви помогне секој пат полесно да ги завршувате домашните работи, а алиштата ќе бидат почисти и поздрави во исто време.

Hisense машини за перење и сушење алишта

Hisense машините за перење, машините за сушење и комбинираните машини за перење и сушење со предно полнење се дизајнирани имајќи го на ум модерното домаќинство, чии членови водат активен животен стил и секогаш се во движење. За секој тип на домаќинство Hisense има нешто: за поголемите домови има посебни машини за перење и машина за сушење, додека за помалите има опција за перење и сушење 2-во-1. Hisense машините за перење имаат капацитет до 12 килограми додека пак машините за сушење и комбинираните машини за сушење имаат капацитет до 10 килограми. Hisense машините воведуваат нови технологии во домовите ширум светот, осигурувајќи дека перењето и сушењето се врши брзо, ефикасно и еколошки.

Hisense

Иновативна опција за автоматско дозирање

Новите модели на Hisense машини за перење се уште поеколошки. На пример, самите „дозираат“ колку детергент и омекнувач ќе користат за време на циклусот на перење, во зависност од количината на алиштата благодарение на уникатната карактеристика Auto Dosing. Потребно е само еднаш месечно да се наполни преградата за детергент до еден литар и омекнувач до половина литар, што е отприлика за 24 циклуси, а одлуката за тоа која количина да се додаде во секој циклус може да ѝ се остави на машината. Специјалните сензори на Hisense машините за перење ја мерат тежината на алиштата и врз основа на тоа додаваат доволна количина прашок за перење и омекнувач. Истото важи и за потрошувачката на вода и електрична енергија (до А класа).

Дополнително на сето тоа, самиот процес на перење е исклучително ефикасен, со користење на висока температура на пареа и елиминирање на 99,9% од бактериите на ешерихија коли и златна стафилокока, кои се закачуваат за облеката. И не само што машините перат алишта, туку и сами се чистат, отстранувајќи ги бактериите преку посебен процес на чистење на барабанот и дозерот за детергент.

Hisense

Hisense машините за сушење ги уриваат предрасудите

Новата Hisense 5S машина за сушење алишта е значително подобрена кога станува збор за ефикасноста. Hisense Quick Dry 30' е иновативна програма за сушење која заштедува време и енергија. За само половина час можете да постигнете задоволителни резултати како со редовните програми за сушење, кои траат подолго. Овие машини се исто така паметни: вградените сензори со висока прецизност ја следат количината и температурата на преостанатата вода, автоматски го прилагодуваат времето на сушење, што доведува до заштеда на време и енергија и избегнува прекумерно оштетување на ткаенината од топлина.

Важно е да се истакне дека некогаш потврдениот страв дека сушењето во машина за сушење алишта прави набори на алиштата и ги оштетува ткаенините повеќе не е оправдан. Барем не во случајот со Hisense 5S серијата! Барабанот ќе престане да се загрева и ќе ротира периодично на секои 5 минути, ефикасно спречувајќи ја облеката да остане во иста положба предолго и на тој начин да се избегне туткање и гужвање на алиштата.

Машините се исто така многу прилагодливи: вратите може слободно да се менуваат и прилагодуваат. Според позицијата за монтажа, може да се избере да се монтира лева или десна врата за да се задоволат потребите на различни позиции и насоки, избегнувајќи судири со околината од секаков вид.

Hisense

Новата апликација ConnectLife

Клучниот збор од кој почнува сѐ денес е ПОВРЗУВАЊЕ. И иако повеќето луѓе овој збор прво ќе го поврзат со деловниот аспект на животот, тој е исклучително, би рекле многу поважен во приватниот живот. Денес се трудиме полесно да се поврземе еден со друг, а особено со нашите апарати за домаќинство. Секако, не смееме да ја заборавиме врската меѓу самите апарати, како што се телевизорите и телефоните, клима уредите и телефоните, но и паметните телефони и машините за перење и сушење.

Онаму каде што има поврзување, има апликација, а само една апликација е доволна за да ги поврзете сите ваши уреди на едно место и да ги контролирате и управувате од вашиот мобилен телефон како да сте дома - дури и кога не сте! Со помош на новата Connect Life апликација на Hisense, можно е да се поврзе Hisense 5S машината за перење алишта преку Wi-Fi конекција, а потоа и на паметен телефон и да се искористи времето на поефикасен и поубав начин.

Исто така, можете да заборавите и на тврдоглавите дамки! Во новата Hisense ConnectLife апликација, со избирање на различни видови ткаенина, боја, ниво на нечистотија и специфични дамки, машината за перење ќе ги пере вашите алишта со совршена комбинација на вистинска температура, време и вода, така што вашата облека секогаш ќе биде во најдобра состојба.

Откако ќе ја поврзете машината со апликацијата ConnectLife и домашната Wi-Fi мрежа, ќе можете да користите едноставни лизгачи за да го поставите начинот на перење, но и да ја вклучувате, исклучувате и користите вашата машина Hisense 5S машина дури и кога не сте дома.

Hisense е горд официјален партнер на UEFA EURO 2024™. Во моментов, Hisense машините за перење алишта и комбинираната машина за перење и сушење, со инвертер мотор и голем капацитет, имаат продолжена гаранција од пет години и до 10 години гаранција на инвертер моторот со задолжителна регистрација на mk.hisense.com.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.