Роб и Џоли ќе ви докажат дека вистинската љубов постои и дека е посилна од сè. Заљубениот пар три години ја зачинуваше врската на далечина со авантуристички патувања низ светот, но посетата на Русија несомнено има посебно место во нивните срца. Зошто? Бидејќи токму во Москва, Роб клекна на колено и ја запроси својата сакана.

Имено, Роб е од Америка, а Џоли од Филипини. Тие се запознале за време на патување, каде се родила нивната љубов. Нивната комуникација продолжила преку социјалните мрежи, сè дури еден ден тие не одлучиле да се сретнат „на пола пат“.
Три години тие се состануваа на истиот начин, но секојпат на различна дестинација. Италија, Шпанија, Португалија, Мексико, Дубаи... Роб и Џоли неуморно го истражуваа светот фотографирајќи се во истата поза на секоја локација.
















За време на нивното разгледување на Москва, Роб одлучил да ја промени позата и наместо да ја прегрне, наведне и бакне, тој клекнал на колено и ѝ предложил брак.


Тие се венчаа во присуство на најблиските роднини и пријатели.



„До сите парови кои имаат врска на далечина – секогаш следете го вашето срце, без разлика на далечината. Имајте верба“ – велат тие.
Досега Роб има посетено 6 континенти, 49 држави во САД и речиси 50 други земји, додека Џоли била на 5 континенти, има посетено 26 држави во САД и 28 други земји.