Почетна » Новости » Занимливости » Осамена старица за 100-тиот роденден доби стотици картички од непознати, нејзината насмевка кажува сè

Осамена старица за 100-тиот роденден доби стотици картички од непознати, нејзината насмевка кажува сè

Луѓето кои живеат во домови за старци се често многу осамени и со нетрпение очекуваат посетители. Случајот на Лизи Пикен е уште потажен поради тоа што оваа старица никогаш не се омажила, ниту, пак, има деца.

Стоти роденден

Вработените во старечкиот дом во Англија решиле да направат добро дело и да ја изненадат за нејзиниот јубилеен роденден, па затоа објавиле повик на социјалните мрежи и замолиле на Лизи да ѝ бидат испратени 100 честитки за нејзиниот стоти роденден. Тие, а уште повеќе и самата Лизи, биле пријатно изненадени кога 638 луѓе одговориле на повикот, а покрај честитките пристигнале и пакетчиња со роденденски подароци.

Стоти роденден

Кога ѝ биле однесени купишта пликови и подароци, на нејзината радост ѝ немало крај. Вкупно 638 странци со топли зборови ѝ посакале убави желби и ја поздравиле Лизи. „Ова е и повеќе од љубезно. Секој момент од животот е скапоцен и јас сум екстремно среќна со мојот. Многу сум благодарна“ – вели старицата по овој повод.

Стоти роденден Стоти роденден Стоти роденден

Нејзиниот јубилеен роденден поминал прекрасно. Покрај тоа што Лизи била пресреќна додека ги читала честитките, добила и неколку посетители од своето пошироко семејство, а се појавила и нејзината најдобра другарка Лесли. „Таа има направено многу за да ме одржи здрава бидејќи порано пушев како оџак“ – се шегува Лизи. Единствено нејзината сестра не можела да присуствува на овој голем ден бидејќи таа има 103 години и живее во Шкотска. Сепак, сестрите редовно контактираат.

Стоти роденден Стоти роденден Стоти роденден Стоти роденден

Идеја за ваква хумана постапка добила Џеки Тоуп, менаџерката на домот за старци. Кога слушнала дека Лизи е возбудена за стотиот роденден, таа ѝ предложила на старицата да се објави повик за роденденски честитки. Лизи се согласила, но сѐ до нејзиниот роденден не ѝ било кажано колку честитки пристигнале.

Стоти роденден Стоти роденден Стоти роденден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.