Почетна » Новости » Занимливости » Онлајн потрага по „принцот“ од летниот одмор која заврши неромантично

Онлајн потрага по „принцот“ од летниот одмор која заврши неромантично

Џулија КросЏулија Крос

Млада романтичарка организирала онлајн потрага по мажот со кого си разменила еден совршен бакнеж на одмор на Ибица. Но, она што требаше да биде приказна од бајките, доби неромантичен крај.

Џулија Крос започна интернет потрага по нејзиниот принц, но кога го пронајде дозна дека тој не е веќе слободен.

33-годишната PR консултантка била на одмор на Ибица кога го запознала Мартин во ноќен клуб. На крајот на романтичната вечер тие се бакнале додека го гледале изгрејсонцето и таа му го дала својот телефонски број, но никогаш не добила повик од него. Џулија била сигурна дека му дала погрешен број и често зборувала со пријателките за незаборавната вечер. Во нејзината глава се вртело прашање „Што ако..?“.

Нејзините пријатели со нејзина поддршка започнале онлајн кампања „Пронајдете го Мартин“. На Facebook и Twitter тие ги поставиле сите податоци кои ги знаеле за Мартин. Набрзо кампањата започна да се појавува и во медиумите.

Но, пред неколку дена романтичната приказна на Џулија доби непосакуван крај. Мартин се појави на Twitter, а потоа испрати порака на Facebook во која откри дека по одморот на Ибица се смирил со своја бивша.

„Морам да кажам дека ова ми е смешно и очигледно сум многу поласкан! Се надевам дека Џулија не е премногу засрамена од некои од негативните коментари“ – пишува Мартин.

Тој објаснил дека по одморот ѝ оставил порака на Џулија, но не добил повратен одговор, па се откажал.

„Една недела по враќањето од Ибица ѝ оставив порака на Џулија, но не добив одговор. Искрено не мислев многу на тоа, затоа што вакви нешта се случуваат. Претпоставувам дека е можно да зедов погрешен број.... Неодамна започнав повторно да излегувам со моја бивша. Таа веќе се чувствува чудно што постои национална кампања со цел да ме спои со некоја друга“ – продолжил тој.

Сепак, ваквиот крај можеби и не е толку трагичен за Џулија, затоа што како што известуваат британските медиуми, Мартин е тип кој ги сака забавите и убавите жени. На неговиот профил на Facebook може да се видат многу фотографии на кои тој прегрнува различни жени.

Мартин со две девојкиМартин со две девојки Мартин Мартин

Па, веројатно Мартин не е принцот од соништата за кого си фантазирала Џулија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.