Почетна » Новости » Занимливости » Овој викенд во Крушево – адреналин во воздух, на земја и во вода

Овој викенд во Крушево – адреналин во воздух, на земја и во вода

За сите љубители на адреналински авантури, второто издание на фестивалот When in Krusevo, од 30 јуни – 01 јули ќе понуди активен викенд на над 1,000 метри надморска висина исполнет со многу активности и забава на отворено.

Доколку сакате да поминете еден незаборавен викенд, да почувствувате малку возбуда преку ден, а навечер да се забавувате со врвни изведувачи, тогаш пријавете сѐ за учество на второто издание на авантуристичкиот фестивал на крушевското езеро When in Krusevo. Ве очекуваат голем број на спортски настани и тури - мала и голема планинарска и велосипедска тура, планинска трка со TREX, кајакарење и SUP со Kayak Adventures / Кајак Авантури, тандем параглајдинг со HeliXC, off-road уживање со бубите на The Beetles Club, кросфит часови со Fitness Challenge, нуркање за почетниции уште многу други активности!

When in Krusevo

Во Програмата за фестивалот е предвидена и зона за игри и забава за најмалите авантуристи, за повозрасните ботаничка тура, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски.

За најголемите авантуристи е организирана камп зона покрај крушевското езеро со тоалети и тушеви.

Вечерите се резервирани за добра забава со Igor Dzambazov и GURU HARE, Beta House Band, DJ-и и секако греми наградуваната реге атракција од Јамајка Inner Circle!

Резервирајте ја вашата авантура на When in X или MkTickets или во Југотон и Универзална Сала, и овој викенд на адреналински забави во Крушево.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.