Почетна » Новости » Занимливости » Новогодишно украсување со 300.000 сијалички за Гинис

Новогодишно украсување со 300.000 сијалички за Гинис

Празничната еуфорија несомнено се чувствува покрај домот на семејството Ричардс од Канбера, Австралија. Тие успеале да ја украсат својата куќа со неверојатни 331.038 сијалички и да влезат во Гинис за Најмногу божиќни сијалички на станбен имот.

Новогодишно освелувањеРекорден број празнични сијалички на станбен имот

Дејвид Ричардс, кој работел на украсувањето 4 години, изјавил: „На почетокот го направив тоа за моите деца, но потоа стануваше се поголемо и поголемо. Се сеќавам една година мајка и дете поминаа на патеката и мислејќи дека никој не ги гледа, започнаа да танцуваат на музиката. Сè е за да ставиме насмевка на лицата на луѓето.“

Дејвид и неговата сопруга Џенин го замолуваат секој посетител на нивниот украсен дом да донира пари за хуманитарната организација „SIDS and Kids“. Парот нема во план наредната година да го збогатува празничното осветлување. Тие велат дека ќе ги дадат сијаличките на некој кој ќе продолжи да ги користи за да собира пари за добротворни цели.

Дејвид и Џенин РичардсДејвид и Џенин Ричардс

Никој не знае колку точно пари потрошил Дејвид за да го направи рекордното украсување, бидејќи тој не кажува никому, па дури ни на својата сопруга.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.