Почетна » Новости » Занимливости » Нова доза хумор: Комичарката Селест Барбер ги пародира фотографиите на славните

Нова доза хумор: Комичарката Селест Барбер ги пародира фотографиите на славните

Се сеќавате ли на Селест Барбер? Оваа Австралијка е веќе вистинска ѕвезда на Instagram со околу 2,5 милиони следбеници. Комичарката се прослави со создавањето на смешни верзии на фотографиите на славните. Притоа, Селест не се плаши да го покаже своето тело од „лош агол“ и во „лошо светло“.

Фотографиите на Селест го прикажуваат контрастот помеѓу обработените, фотошопирани фотографии на славните и фотографиите што би настанале ако просечен човек се обиде да ги имитира нивните пози.

Селест веќе станува своевидна феминистичка икона. Хуморот и забавата не се единствените цели на оваа мајка на четири деца. Таа сака преку комичен начин да им покаже на сите жени дека сѐ е во ред со нивните тела и нивниот изглед. „Преку глава ми е од тоа што славните си мислат дека се подобри од другите луѓе“ е изјавата на Селест, со која веројатно сочувствуваат и илјадници други жени.

Погледнете ги најновите креативни експерименти на оваа комичарка:

A post shared by Celeste Barber (@celestebarber) on

A post shared by Celeste Barber (@celestebarber) on

A post shared by Celeste Barber (@celestebarber) on

A post shared by Celeste Barber (@celestebarber) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.