Почетна » Новости » Занимливости » Неодоливо кралско семејство: Официјалните фотографии од крштевката на малиот принц Луи

Неодоливо кралско семејство: Официјалните фотографии од крштевката на малиот принц Луи

Пред една недела се одржа крштевката на малиот принц Луи во кралската капела во палатата Сент Џејмс, а британското кралско семејство сега ги објави официјалните портрети.

Фотографот Мет Холиоук ги фотографираше принцот Вилијам и војвотката Кетрин заедно со нивните три деца непосредно по завршувањето на церемонијата.

На едната фотографија, шармантната Војвотка со милост го гледа новородениот принц додека го држи во прегратка.

Крштевката на принцот Луи Крштевката на принцот Луи

На третата фотографија петчленото семејство за првпат позира заедно. 3-годишната принцеза Шарлот и 4-годишниот принц Џорџ слатко се смешкаат покрај своите родители и братчето.

Малиот принц го носи истиот фустан во кој беа крстени и принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Бежовата креација е рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен сошиен за најстарата ќерка на кралицата Викторија во 1841 година.

36-годишната Војвотка носи бела креација од Александар МекКвин додека модниот додаток за глава е со потпис на Џејн Тејлор.

Крштевката на принцот Луи

На останатите фотографии на кралскиот пар им се придружија принцот Хари со војвотката Меган, принцот Чарлс со војвотката Камила и семејството Мидлтон. Кралицата Елизабета II ја нема на фотографиите.

Крштевката на принцот Луи Крштевката на принцот Луи

Принцот Луи се роди на 23 април оваа година и е петти во линијата наследници на британскиот престол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.