Почетна » Новости » Занимливости » „Нема да се променам за никого“: Мис Велика Британија се откажа од титулата откако ѝ рекле да ослаби

„Нема да се променам за никого“: Мис Велика Британија се откажа од титулата откако ѝ рекле да ослаби

Натпреварите за убавина имаат строги правила и бараат од учесничките да се изгладнуваат со цел да постигнат „идеален“ изглед кој ќе им донесе победа и блескава круна. Но, Мис Велика Британија одби да го послуша „советот“ на организаторите и да ослаби, само за да однесе дома уште една титула.

Имено, мисицата Зојли Смејл требало да ја претставува Велика Британија на „Miss United Continents“ овој месец во Еквадор. 28-годишната убавица, која е мајка на едно дете, соопшти дека била советувана да симне неколку килограми и да следи одредена диета до денот на манифестацијата, а тој бесмислен совет ја натерал да се откаже од титулата и да ја врати претходно добиената круна.

Преку Facebook, Зои ја раскажа приказната која довела до таа нејзина одлука.

Мис Велика Британија

Ме шокира повеќе од сè што сè уште постојат натпревари за убавина кои ги гледаат само преслабите модели како модели за пример. Дозволете ми да ви кажам нешто, девојките кои учествуваат во овие натпревари се повеќе отколку конфекцискиот број на нивната гардероба. Вистинските кралици ги мотивираат другите, интелигентни се и им помагаат на заедниците да се здружуваат.

Во овие 10 години што сум во модната индустрија видов сè, од прекрасни натпревари, до меѓународни организатори кои ги малтретираат младите амбициозни девојки и ги тераат да веруваат дека единствениот пат до успехот е слабата фигура. Зборувам од прва рака, бидејќи пред 8 години јас бев една од тие девојки.

Оние неискрени натпревари, кои тврдат дека се натпревари за убавина, но сепак инсистираат да јадете помалку, да парадирате во бикини неколку дена и да седите на раката на маж за време на вечера и да вртите маслинка во чинијата. Јас бев етикетирана како „дебела“, бидејќи носам гардероба со конфекциски број 10. Јас всушност верував дека сум толку одвратна што никој никогаш нема да ме засака. Колку тажно е тоа?

Ме растажува што сè уште има организатори на натпревари кои веруваат дека мораш да бидеш слаба за да си убава.

Откако побараа од мене да ослабам и да следам одредена диета за меѓународниот натревар, јас се повлеков. Некои од вас можеби ќе помислат дека е кукавичка постапка, но јас сметам дека не е правилно јас да го претставувам етосот на натпреварот во кој не верувам. Ќе ја вратам круната и ѝ посакувам многу среќа на новата сопственичка.

Се сакам себеси и не би се променила за никого. Моето тело ме водело низ повеќе од 20 години што сум на оваа земја, ми дозволи да имам кариера со која се гордеам, да носам дете и најдоброто нешто, моето тело никогаш не ме разочарало.

Мис Велика Британија Мис Велика Британија Мис Велика Британија Мис Велика Британија Мис Велика Британија Мис Велика Британија Мис Велика Британија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11428 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.