Почетна » Новости » Занимливости » Невеста го покани на свадбата 3-годишното девојче чиј живот го спаси дарувајќи му коскена срж

Невеста го покани на свадбата 3-годишното девојче чиј живот го спаси дарувајќи му коскена срж

Кога Хајден Рајас се запиша на листата на донатори на коскена срж, таа воопшто не очекуваше дека неколку години подоцна ќе има можност да спаси детски живот.

Хуманата девојка несебично ѝ помогна на едногодишната Скај Северен-МекКормик да се избори со леукемијата, спасувајќи го нејзиниот живот.

Бидејќи 25-годишната Рајас имаше голема желба да ја запознае во живо Скај, која денес има три години, таа ја покани да биде специјална гостинка на нејзината свадба. Фотографиите од свадбениот ден станаа хит на интернет.

Хајден и Скај Хајден и Скај Хајден и Скај

„Ѝ испратив роденденски подарок на Скај во кој вклучив и покана за нашата свадба, бидејќи сакав тие да знаат дека се ТОЛКУ специјални за мене. Сакав да знаат дека постојано мислам на нив. Знаев дека тоа е нереална идеја, но сакав тие да знаат колку почестена ќе бидам и дека тие ми се многу специјални, бидејќи уште на денот на трансплантацијата почувствував специјална поврзаност со неа. Тие ми рекоа дека ќе им биде чест, но дека не се сигурни дали Скај ќе може да патува поради нејзиниот имун систем“ – рече невестата.

За среќа, неколку недели пред свадбата, докторите ѝ дозволија на Скај да патува, па таа доби можност да се сретне со жената која ѝ го спаси животот.

Хајден и Скај Хајден и Скај Хајден и Скај Хајден и Скај

„Се запознав во живот со Скај и нејзиното семејство вечерта пред пробата за свадбата. Не можам да ги опишам емоциите кои ми го преплавија умот кога лично ја гушнав неа и нејзиното семејство. Мајка ѝ ја праша која сум јас и таа рече: ’Хеј, Хеј’. Можев да исплачам цел океан од солзи кога ги слушнав тие зборови со тој нејзин сладок глас“ –изјави Хајден за средбата со Скај.

„Тие засекогаш ќе бидат дел од нашите животи. Таа ѝ го спаси животот на ќерка ми“ – рече мајката на девојчето.

Хајден и Скај Хајден и Скај Хајден и Скај Хајден и Скај Хајден и Скај Хајден и Скај

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26050 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.