Почетна » Новости » Занимливости » Неверојатна трансформација со слабеење: Жена се преполови и си го оствари сонот да стане мајка

Неверојатна трансформација со слабеење: Жена се преполови и си го оствари сонот да стане мајка

Кејти Болден е вистинска инспирација за сите што се обидуваат да ослабат на правилниот начин – без ригорозни диети и со редовна физичка активност.

31-годишната Американка имала проблеми со тежината цел живот. Во најлошите моменти тежела 127 килограми, но со упорност успеала да стопи 68 килограми, а во меѓувреме и си го остварила сонот да стане мајка.

Кејти Болден Кејти Болден

„Мразев сè кај себе, а тоа е тешка ситуација“ - изјавила таа за времето кога се хранела со брза храна.

Проблемите на Кејти започнале да се множат кога дознала дека има синдром на полицистични јајници. „Тоа беше вест која ми го скрши срцето, бидејќи цел живот сакав да станам мајка“ - признала таа.

Кејти Болден Кејти Болден

Три години подоцна и по неколку неуспешни обиди за оплодување, Кејти делумно ослепела и докторите ѝ кажале дека има 95% шанси да развие мултипла склероза. Тоа бил моментот кога таа решила целосно да си го промени животот.

„Тоа запали оган во мене. Ми беше многу страв од можноста да ја изгубам способноста за одење или да го изгубам видот во иднина. Сфатив дека само постоев и си го прокоцкував животот и дека е време да направам нешто и да започнам да живеам“ - раскажала таа.

За здравствените проблеми, Кејти вели: „Во период од три години ми беше дијагностициран синдром на полицистични јајници, неплодност, глаукома, анксиозност и манијачна депресија. Тоа ме поттикна да си го променам животот.“

На почетокот, Кејти започнала да внимава на бројот на внесени калории и полека да се одвикнува од брзата храна. Малку по малку започнала да пешачи и да плива.

Во првата година ослабела 34 килограми и конечно забременила и добила ќерка. Пет месеци по породувањето продолжила со слабеење. Три и пол години по првите чекори кон големата трансформација, Кејти можела да се пофали со минус 68 кг.

Кејти Болден Кејти Болден

„Мојата тајна на успехот е што верувам во себе, не правам рестрикции во исхраната и креирам животен стил кој можам да го задржам до крајот на животот“ - вели таа.

Кејти Болден Кејти Болден Кејти Болден Кејти Болден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11938 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.