Почетна » Новости » Занимливости » „Не сте сами“: Моќна порака на блогерка која доживеа спонтан абортус до сите кои изгубиле свое чедо

„Не сте сами“: Моќна порака на блогерка која доживеа спонтан абортус до сите кои изгубиле свое чедо

Спонтаниот абортус е тешка тема за која се избегнува да се зборува. Блогерката Емили Кристин ја сподели својата приказна за загубата на нероденото дете, за да им помогне на другите жени во лечењето на скршеното срце по изгубеното чедо.

Прочитајте ја нејзината моќна порака:

Ултразвук

Многу ми се мочаше, но тие не ми дозволуваа да одам.

Велеа дека ми треба полн мочен меур, бидејќи така е полесно да се види бебето за време на ултразвукот. Се сеќавам дека бев фрустрирана, не само поради полниот мочен меур, туку поради тоа што морав да пополнам 50 страници со документи пред да можам да го испразнам мочниот меур и да го видам бебето кое осум недели чекав да го видам.

Најпосле ме испратија во крајната соба каде бев пречекана со насмевка од сите, бидејќи среќата да носиш бебе е заразна. Започна прегледот со ултразвук и веднаш ги видов сликите пред мене. Срцето ми чукаше толку силно што ми излегуваше од градите. Беше возбудливо!

Ова беше ден кој јас и мојот сопруг го чекавме повеќе од една година.

Но, овие слики беа поразлични од оние кои моите пријателки ги постираа на Facebook, нешто не беше во ред.

Не видов ништо, бидејќи моето тело беше на само неколку часа пред спонтан абортус.

Личноста која ме гледаше на ултразвук беше тивка и јас едноставно знаев. Таа ја напушти собата и сопругот ме уверуваше дека „сè е во ред“. Но, не ѝ го кажувај тоа на девојка која има видено стотици слики од ултразвук, која го има пребарувано Instagram за хаштаг „8 недели“ за да види како изгледа сега нејзиното бебе.

Знаев дека не е во ред, и не беше.

Се сеќавам дека се плашев да заплачам. Не се чувствував дека заслужувам да плачам, бидејќи „не бев во толку напредна бременост“ и „ова се случува цело време“.

Сè сеќавам дека ги задржував солзите со сета сила и не можев да го погледнам мојот сопруг в лице, бидејќи знаев дека неговата болка ќе ме скрши.

Ме пуштија дома за да му дозволат на моето тело да се исчисти по природен пат. Чувствував сè, но не можев ништо да покажам.

Докторката не ме пушташе да си заминам без предупредување и таа беше во право за сè. Но, таа не ме предупреди за сè што ќе се случи по првичната болка и скршеното срце.

Не ми кажа дека со недели ќе бидам потсетувана за тоа, бидејќи на моето тело ќе му треба многу време за да „се исчисти“. Таа не ми кажа дека ќе треба да го гледам мојот сопруг да плаче. Таа не ми кажа колку тешко ќе биде да ѝ соопштам на мајка ми што се случи. Не ми кажа дека уште неколку недели моето тело ќе продолжи да си мисли дека е во блажена состојба. Не ми кажа колку тешко ќе биде да им кажувам на луѓето дека сум добро, кога навистина не бев. Не ми кажа дека преку ноќ ова ќе ме претвори во љубоморна личност. Не ми кажа колку потешко ќе биде прашањето „Кога ќе имате деца?“. И таа не ми кажа дека ќе ми биде толку тешко што изгубив некој кој не го имав ни запознаено.

Но, таа ми кажа дека е во ред да плачам и ми кажа дека не сум сама.

Спонтаните абортуси се ТОЛКУ реални и толку чести, што всушност, една од четири жени има доживеано спонтан абортус, но не залажувајте се дека поради тој факт боли помалку.

Колку и да е голема статистиката, јас сè уште се чувствував сама и конечно заклучив зошто: бидејќи никој не зборува за тоа.

Кога започнав да разговарам со пријателите и семејството, тогаш сфатив дека не сум сама. Дека мајка ми, тетка ми, сестра ми, најдобрата пријателка на сестра ми, сите ја имаат искусено оваа болка и скршено срце, кое не би им ги посакала ни на најлошиот непријател.

Луѓето можеби се прашуваат зошто одлучив да зборувам за ова сега, по неколку изминати месеци, но суровата реалност е дека времето не ги лечи сите рани, па се надевам дека со споделувањето на мојата приказна ќе придонесам во процесот на заздравување.

Не барам сожалување и не барам одговори. Го споделувам ова за можеби барем една жена помалку да се чувствува осамена и да го користи како потсетник или порака дека сè уште постои надеж по скршеното срце.

Ова е мојата надеж за вас...

Се надевам дека нема да се чувствувате сами.
Се надевам дека ќе си дозволите да плачете.
Се надевам дека ќе го видите светлото на крајот од тунелот.
Се надевам дека иако вербата ќе ви биде ставена на тест, вие ќе останете силни.
Се надевам дека ќе пронајдете мир.
Се надевам дека нема да ви биде страв да се обидете повторно.
Се надевам дека нема да се обвинувате себеси.
Се надевам дека пријателите ќе ве прегрнуваат малку посилно.
Се надевам дека ќе му дадете надеж некому преку вашите тешкотии.
Се надевам дека ќе бидете светлина во најтемните периоди
.... и се надевам дека ќе го славите животот на тоа дете исто толку колку што ќе го славите следниот, бидејќи без разлика колку е краток, сите животи заслужуваат да бидам славени и секоја загуба да биде оплакана.

Емили

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.