Почетна » Новости » Занимливости » „Не сте сами“: Медицинска сестра на онкологија 12 години си ја бричи главата како поддршка за пациентите

„Не сте сами“: Медицинска сестра на онкологија 12 години си ја бричи главата како поддршка за пациентите

Никој не треба да се бори сам со ракот.

Медицинска сестра, која работи на Одделот за онкологија, 12-та година по ред си ја бричи главата во знак на поддршка на пациентите таму.

Маргарет Потер Маргарет Потер

Маргарет Потер сака да ги охрабри пациентите, особено жените, кои се соочуваат со опаѓање на косата како последица на хемотерапиите. Таа вели дека не сака тие да се срамат од ќелавата глава.

„Дента кога за првпат си ја избричив косата, се вратив на работа и една од моите пациентки ми рече: ‘Боже, сега можам и јас да си ја избричам главата. Дали ќе го направиш тоа пред да си одиш дома денес?’“.

„Кога моите пациенти ќе слушнат дека ќе ја изгубат косата, кај нив се појавуваат различни емоции. Има многу солзи и анксиозност на почетокот“ – вели Маргарет.

Маргарет Потер Маргарет Потер

Таа го прави тоа на настанот Shave to Save, годишен добротворен настан за собирање средства за помош на лицата болни од рак. Со своето хумано дело, сака да им покаже на пациентките дека не се сами.

„Гледам како моите пациенти ја губат косата и ја гледам нивната сила, нивната убавина и нивната храброст. Кога си ја бричам главата, јас славам за тоа. Мислам на сите тие пациенти кои се во процес на губење на косата и се надевам дека можам барем малку да ги охрабрам“ – вели медицинската сестра, која се труди да ја разбие стигмата која постои во општеството.

„Кога луѓето ќе видат некој кој нема коса, не мора да значи дека секогаш е нешто лошо. Да, најчесто е лошо, но можат барем да речат ‘Не ја знам твојата приказна, но се надевам дека си добро’. Имајте екстра сочувство, бидејќи овие лица се соочуваат со многу нешта“ – вели таа.

Маргарет Потер

Маргарет многу добро ја знае болката со која се соочуваат онколошките пациенти, бидејќи и нејзината мајка имала рак од 2008, па до 2016 година, кога ја изгубила битката со болеста.

„Мајка ми многу се плашеше да ја изгуби косата и навистина влијаеше на неа. Кога пациентите поминуваат низ хемотерапија и знаат дека губењето на косата е неизбежно, ги охрабрувам да се потстрижат кратко, а потоа уште пократко“ – рекла таа.

Маргарет е категорична дека најголема награда ѝ е тоа што им помага да најдат мир и охрабрување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11264 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.