Моден кошмар на многу жени е да се сретнат на ист настан со идентично облечена личност.
На свадба во Сиднеј, шест жени непланирано се појавија на свеченоста облечени во идентични фустани од модниот бренд Forever New.
Фотографија од невестата и гостинките кои ја избраа истата креација се распространи на интернет и насмеа илјадници лица ширум светот.
„Колкави се шансите???“ – напиша една од гостинките во описот на фотографијата на Facebook.

„НЕ сме деверици, само гостинки. Сметам дека заслужувам подарок ваучер за целава реклама“ – се пошегува таа, објавувајќи ја фотографијата на профилот на брендот на Facebook.
Фустанот чини 160 долари.
