Почетна » Новости » Занимливости » Не би рекле дека се близначки: Слатки сестрички со различна боја на кожата и очите

Не би рекле дека се близначки: Слатки сестрички со различна боја на кожата и очите

Калани и Џарани се близначиња родени во мешан брак помеѓу Американка и Афроамериканец. Едното од близначињата ја наследило светлата кожа и сините очи од мајка си, но нејзината сестричка има значително потемна кожа и темни очи. Витни, мајката на близначињата, објаснува дека сите биле многу изненадени кога близначињата се родиле.

Различни близначиња

„Кога Калани се роди мислевме дека е албино бидејќи беше бела. Не можев да разберам зошто е толку различна од сестра си. Ги прашав докторите, но тие рекоа не. И понатаму мислев дека бојата ќе ѝ се смени, но тоа не се случи. Навистина е необично“ - објаснува Витни.

Различни близначиња Различни близначиња Различни близначиња

Освен што изгледаат различно, близначињата имаат и потполно различни карактери. „Калани е нескротлива и многу енергична, додека Џарани сака да се гушка. Калани се качува секаде и допира до сѐ, а Џарани не сака да биде испуштена од раце“. Тие привлекуваат внимание каде и да одат бидејќи нивната мајка сака да ги облекува идентично, а тоа ги збунува луѓето.

Раѓањето на близнаците побудило измешани чувства кај Витни и нејзиниот партнер Томас бидејќи тие, пред само две години, го изгубиле своето прво заедничко дете. Витни има уште едно дете од својот претходен брак, кое не перципира никаква разлика кај своите сестрички.

Различни близначиња Различни близначиња Различни близначиња Различни близначиња Различни близначиња

„Луѓето во нашата држава можат многу да научат од мојот син. Тој е толку невин, не ги разбира расните тензии бидејќи тоа не му е важно, како што никому не треба да му е важно. Во нашето семејство не гледаме боја. Љубовта си е љубов“ - вели Витни.

Различни близначиња Различни близначиња Различни близначиња Различни близначиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.