Почетна » Новости » Занимливости » Најубавото изненадување: Жена му кажа на сопругот дека е бремена за време на фотосесија пред тој да замине на воена служба

Најубавото изненадување: Жена му кажа на сопругот дека е бремена за време на фотосесија пред тој да замине на воена служба

Бен и Линдзи имаат прекрасни спомени од моментот кога тој дозна дека ќе стане татко. Радосната вест била дочекана со бура од емоции особено зашто неколку месеци претходно 24-годишната идна мајка доживела спонтан абортус.

Фотографиите разнежнуваат, а приказната зад нив згреа илјадници срца.

Бен и Линдзи Бен и Линдзи Бен и Линдзи Бен и Линдзи

Брачниот пар очајно посакувал бебе. Нивната среќа била неизмерна кога Линдзи забременила во февруари минатата година. За жал, уште во раната бременост, таа го изгубила бебето. Кратко време по тажниот настан, тие дознале дека Бен мора да замине на служба во Авганистан, па нивните надежи дека ќе имаат бебе наскоро спласнале.

„Како што се наближуваше заминувањето и секој месец минуваше со нов негативен тест за бременост, си помисливме дека Бог ни вели дека не ни е дојдено времето да станеме родители“ - пишува Линдзи во својата сторија за LoveWhatMatters.

Пред разделбата, таа посакала да создадат убави спомени и закажала професионална фотосесија без да знае дека тоа ќе се претвори во најубавото изненадување. „Три дена пред фотосесијата, решив да направам уште еден тест, очекувајќи уште еден негативен. На мое изненадување, беше позитивен. Бев бремена! Веднаш му пратив e-mail на фотографот и започнавме да разговараме како да го изненадиме Бен за време на фотосесијата. Чувствував како тоа да беа најдолгите три дена во мојот живот, затоа што чував тајна од него, но знаев дека ќе вреди. Бен беше шокиран и апсолутно пресреќен!“ - раскажува таа.

Среќниот пар ќе добие ќерка.

Бен и Линдзи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.