Почетна » Новости » Занимливости » Наставничка по српски јазик од Белград им помогна на ученици да научат математика, тие ѝ се заблагодарија на сладок начин

Наставничка по српски јазик од Белград им помогна на ученици да научат математика, тие ѝ се заблагодарија на сладок начин

На децата им треба малку за да бидат среќни.

Ученици на сладок начин ѝ се заблагодарија на наставничката по српски јазик што им помогна да научат математика.

Во виралното видео направено во училиште во Белград, наставничката Светлана се радува кога ќе види дека нејзината катедра е полна со бонбони и чоколади во знак на благодарност што го одвои својот час за со нив да вежба математика пред писмената работа.

„Ви благодариме што одвоивте час за нас“ – стои во пораката од петтодделенците.

Видеото го сподели Бојан Јанковиќ и тоа брзо стана хит. Тој напиша:

„Децата од петто одделение денес ја почестија наставничката по српски јазик затоа што вчера на нејзиниот час заедно, со нејзина помош, вежбаа задачи по математика пред писмена. Очигледно добро поминаа. И да, има надеж“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11391 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.