Почетна » Новости » Занимливости » Мотивирачка трансформација: Упорна девојка која ослабе 50 кг инспирира на Instagram

Мотивирачка трансформација: Упорна девојка која ослабе 50 кг инспирира на Instagram

Неопходна ви е мотивација за да ги направите првите чекори кон промена во изгледот? Лора, која се нарекува и „железната џинка“, ќе ве убеди дека на крајот на краиштата упорноста ќе ви се исплати.

Амбициозната девојка пред четири години тежела 136 килограми, имала проблеми со тироидната жлезда, покачен крвен притисок и огромен ризик за појава на дијабетес. Денес, таа е супер активна, тежи околу 85 килограми и се чувствува одлично во своето тело.

„На 22 години мојата тежина стана сериозен здравствен проблем. Не само што ме мачеше тироидната жлезда, туку и можев да видам дека се движам кон повеќе здравствени проблеми во иднина. По дипломирањето, решив да ја преземам контролата во мојот живот и да направам промена. Размислував и за операција. Започнав да одам во фитнес сала, да кревам тегови и да практикувам чиста исхрана прилагодена на потребите на моето тело. Потребни беа само неколку недели за да сфатам дека не морам да легнам под нож. Во првата година стопив повеќе од 45 кг без операција и значително ги променив моите нездрави навики. Сега немам здравствени проблеми и животот ми се промени на подобро со самото тоа што сфатив дека она што го сакаме и она што го правиме е потполно под наша контрола“ - пишува таа на својот блог.

Лора сподели дека никогаш не се изгладнувала, туку јадела дневно по 5-6 пати оброци богати со протеини и зеленчуци. Редовните тренинзи со тегови ѝ помогнале значително да ја зголеми мускулната маса во телото.

Негативната страна на драстичното слабеење е виснатата кожа. Па, неодамна Лора се подложи на операција за да го отстрани вишокот кожа од областа на стомакот.

По големата трансформација, Лора порачува: „Јади како да се сакаш себеси. Движи се како да се сакаш себеси. Зборувај како да се сакаш себеси. Однесувај се како да се сакаш себеси. Слабеењето едноставно е неизбежна последица на тоа што ќе се однесуваш кон телото, умот и духот со љубов и добрина.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.