Почетна » Новости » Занимливости » Можете ли да погодите колку години има? Маж, кој намерно се труди да изгледа постарo, е Instagram ѕвезда

Можете ли да погодите колку години има? Маж, кој намерно се труди да изгледа постарo, е Instagram ѕвезда

Додека многумина вложуваат многу време, труд и пари за да изгледаат помлади, Полјак стекна интернет слава благодарение на заложбите да изгледа постар.

Иако често е ставан во категорија 50+, а наретко и нарекуван еден од најзгодните мажи над 60 години, Павел има 35 години. Тој редовно си ја бојадисува косата и брадата за да додаде години на својата возраст.

Павел, кој се нарекува „полскиот викинг“, често споделува и фотографии за споредба со тоа како изгледал пред трансформацијата во изгледот. Навистина тешко е да се поверува дека станува збор за истата личност.

Бидејќи бил незадоволен од изгледот, тој започнал да се занимава активно со фитнес околу 30-тата година. Во интервју за полски медиум тој признал дека станал популарен на социјалните мрежи откако почнал да негува „стар, но фит“ изглед.

Павел привлекува огромно внимание на Instagram, каде има над 350.000 следбеници. Неговиот изглед потсетува на италијанскиот милионер Џанлука Ваки, кој има над 11 милиони следбеници на Instagram:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.