Почетна » Новости » Занимливости » „Може ли да ти бидам тато?“: Моментот кога маж клекнува на колено за да ја „запроси“ малата поќерка

„Може ли да ти бидам тато?“: Моментот кога маж клекнува на колено за да ја „запроси“ малата поќерка

Фотографии од несекојдневен предлог за брак ќе ве разнежнат. На нив, 29-годишниот Грант Трибет ѝ предлага брак на својата сакана, а потоа повторно клекнува на колено и ја „запросува“ и нејзината мала ќеркичка.

Емотивно запросување

„Адријана, може ли да ти бидам татко, да ти ветам дека ќе те сакам и ќе те штитам до крајот на твојот живот?“ – се зборовите со кои грижливиот маж бара дозвола од слатката Адријана да биде нејзин татко.

Емотивно запросување

Девојчето без двоумење извикало: „ДА, конечно ќе имам татко, мама! Конечно добив татко!“.

Емотивно запросување

„Кога ги изговори тие слатки зборови, јас повторно се расплакав. Моето срце не може да собере толку многу љубов“ – рекла идната невеста Касандра.

Грант ѝ подари на слатката поќерка ланче со приврзок во форма на срце.

Емотивно запросување Емотивно запросување Емотивно запросување Емотивно запросување Емотивно запросување

Грант и Касандра се запознале преку Facebook пред околу седум месеци. „Како самохрана мајка, отсекогаш ми било кошмар состанувањето, бидејќи имам целосно старателство на мојата ќерка и малку време за себе“ – вели Касандра. „Сведок сум на тоа како еден атрактивен, шармантен ерген стана позитивен, грижлив и најнесебичен татко на моето мало девојче“ – додава таа.

Емотивно запросување Емотивно запросување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.