Во рамките на иницијативата „Be Best“, Меланија Трамп посети детска болница во Нешвил, Тенеси.
Првата дама на САД се сретна со дечиња и семејства засегнати од епидемијата на зависност од опоиди.


„Задоволство е да се помине време со толку храбри деца и да се гледа силата на семејствата кои мора да се соочуваат со вакви ситуации“ - напиша таа на Twitter.
Трамп избра да го посети Tенеси, затоа што бројот на лица кои умираат од предозирање забрзано расте, а бебињата родени од мајки кои се зависни од дрога ги полнат неонаталните оддели за интензивна нега многу побрзо одошто здравствениот систем може да им пружи соодветен третман.








Меланија изгледаше елегантно женствен фустан од Џил Зандер со бел колан и бели „лобутинки“.



Истиот тој фустан таа го носеше пред една година за време на посетата на Германија по повод самиот Г-20.

