Почетна » Новости » Занимливости » Меланија Трамп му се заканува со тужба на хрватско училиште поради двосмислена реклама на билборди

Меланија Трамп му се заканува со тужба на хрватско училиште поради двосмислена реклама на билборди

Откако убавицата со словенечко потекло, Меланија Трамп, стана првата дама на САД, изгледа како целиот свет да го следи секој нејзин чекор само за да ја задева и да ја критикува.

меланија трамп

Последната шега што беше упатена на нејзина сметка, ја предизвика и контрареакцијата на првата дама, којашто ја ангажира својата словенечка адвокатка за да ја регулира ситуацијата. За што станува збор? Неодамна, школото за англиски јазик Американски институт од Загреб, во околината на Загреб постави билборди на кои, покрај фотографијата на Меланија Трамп, стоеше и слоганот „Just imagine how far you can go with a little bit of English“ или во превод „Замислете само колку далеку можете да стигнете со малку англиски“. Алузијата е повеќе од јасна.

меланија трамп

Првата дама на САД се закани дека ќе го тужи школото доколку билбордите не бидат веднаш отстранети. Откако тоа беше направено, претставник од школото упати извинување до Меланија Трамп, притоа велејќи дека слоганот бил грешно протолкуван и дека тој требало да биде позитивен и да ја истакне Меланија како пример што треба да се следи. И покрај официјалното извинување упатено до г-ѓа Трамп, нејзината адвокатка изјавила дека тие сѐ уште ги анализираат понатамошните правни чекори што може да бидат преземени против школото за англиски јазик.

Меланија Трамп и претходно беше постојана мета на шеги. Претходно ѝ беа упатени критиките за нејзината изјава на Твитер, во која таа ги повикува сите да прочитаат книга по повод на денот на книгата во САД. Реакциите беа повторно задевачки и изразија сомнеж во нејзините читачки компетенции. Кратко пред тоа, Меланија го придружуваше својот сопруг во посета на настраданите од ураганот Харви во Тексас. Првата дама на САД притоа се појави во високи штикли кои беа тотално несоодветни за времето и поентата на посетата. Светот, се разбира, не беше задоволен со ваквиот моден избор на првата дама.

меланија трамп

По нејзиниот говор за време на претседателската кампања на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, осамнаа безброј реакции на Твитер и другите социјални мрежи, кои ја обвинија Меланија за плагијаторство и за крадење на цели параграфи од говорот на претходната прва дама на САД, Мишел Обама. Всушност, изгледа како сѐ што ќе направи или изјави Меланија Трамп да подлежи на шеги и критики. Без разлика на содржината на нејзините изјави, сите се фокусираат на нејзиниот лош акцент. Сеедно дали направила добар или лош моден избор, на социјалните мрежи се јавуваат потсмевачки реакции. Има безброј шеги на нејзина сметка за тоа како стигнала во САД и зошто се омажила за Доналд Трамп.

Сепак, последното случување можеби би требало да послужи како поука на оние коишто следно ќе се обидат да ја задеваат првата дама на САД на начин кој може да им донесе тужба. Или, пак, да им даде до знаење на луѓето дека Меланија Трамп треба да биде оставена на мир.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.