Почетна » Новости » Занимливости » Мајка состави листа со работи кои ќерка ѝ НЕ ТРЕБА да ги прави, освои илјадници жени

Мајка состави листа со работи кои ќерка ѝ НЕ ТРЕБА да ги прави, освои илјадници жени

Писмо на мајка до нејзината мала ќерка освои илјадници жени, кои потенцираат дека ова се скапоцени животни совети за секого.

Тони Хамер преку кратка листа се обидува да ѝ ја зголеми самодовербата на ќерка си и да ѝ покаже дека никогаш не треба да прави нешто заради притисок од околината или за да усреќува некој друг.

Лаура Маза

До мојата ќерка,

Не се извинувај ти кога некој друг ненамерно ќе се удри во тебе.

Не измислувај причини зошто не можеш да излезеш со момче со кое не сакаш да се состануваш. Никому не должиш објаснувања. Едноставно „не, благодарам“ треба да биде прифатливо.

Не мисли многу за храната што ја јадеш пред другите. Ако си гладна, јади и јади го она што го сакаш. Ако сакаш пица, не нарачувај салата само заради луѓето кои се околу тебе. Нарачај ја проклетата пица.

Не одржувај ја косата долга за да усреќуваш некој друг.

Не носи фустан ако не сакаш да носиш.

Не останувај дома само поради тоа што немаш со кого да излезеш. Излези сама. Имај доживувања само со себе и за себе.

Не ги задржувај солзите. Плачењето значи дека чувствуваш нешто што треба да излезе на површина. Плачењето не е слабост, тоа значи дека си човек.

Не се насмевнувај затоа што некој ти рекол да го правиш тоа.

Не се плаши да се смееш на сопствените шеги.

Не вели „да“ само за да бидеш љубезна. Вели „не“, бидејќи ова е твој живот.

Не сокривај ги твоите ставови. Зборувај и зборувај гласно. Треба да бидеш слушната.

Не се извинувај за она што си. Биди храбра и смела и убава. Биди своја без извинувања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25884 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.