Многу родители во светот не знаат како правилно да ги поставуваат седиштата за децата во автомобилите или колку силно да ги врзуваат децата, а некои дури и воопшто не користат специјално седиште додека ги возат своите малечки.
Мајка, која на своја кожа ја искуси важноста и потребата од ваквите помагала, предупредува децата секогаш да се врзуваат правилно, без разлика дали тие се жалат за неудобноста.
Џена Касади Раберман сподели фотографија по страшната сообраќајка која ја доживеа со своите две мали деца. На неа, прикажан е нејзиниот смачкан автомобил и седиштата на нејзините малечки кои изгледаат „недопрено“. Помалото синче на Џена има само шест недели, додека поголемото три години.

Еве зошто СЕКОЈПАТ треба правилно да ги врзувате вашите деца во нивните седишта во автомобилот. Дури и кога тие врескаат поради стегнатите појаси. Дури и кога се жалат поради тоа што се закопчани кај градниот кош или зашто се свртени наопаку кон задното седиште.
Застанавме за да купиме млеко додека се враќавме дома. Бевме само на неколку минути до нашиот дом. Друг автомобил се удри во нас. Никогаш не мислиш дека тоа ќе ти се случи токму тебе.
Моите момчиња поминаа без гребнатинки, но болничарите ми рекоа дека ова можеше да заврши сосем поинаку, доколку не одвоев дополнителни 2 минути за да се осигурам дека се врзани правилно. Јас ќе бидам добро, моите деца се добро, сè друго може да се замени. Испраќам голема благодарност до Бог што нè чуваше безбедни.
