Почетна » Новости » Занимливости » Мајка со комични совети ги подготвува жените за хаотичната страна на мајчинството

Мајка со комични совети ги подготвува жените за хаотичната страна на мајчинството

Мајчинството воопшто не е лесно и менува сè. Лаура Маза на комичен начин ги подготвува жените за хаотичните први години од животот со бебе и мало дете.

Познатата блогерка насмеа десетици илјади свои обожавателки и изнуди многу коментари во кои мајки признаваат дека никој не може да те подготви за огромната љубов која се раѓа заедно со бебето.

Лаура Маза

21 совет како да се подготвиш за бебе

  1. Намести аларм кој ќе ѕвони на секои 2 часа.
  2. Алармот мора да биде доволно гласен за да можат и соседите да го чујат, а звукот мора да биде повторувачки и со висока фреквенција.
  3. Исклучи го алармот еден час и трчај хистерично низ куќата. Ако е ноќ, заспиј 10 минути пред алармот повторно да се вклучи.
  4. Буди се во 4 часот наутро.
  5. Облечи се и полиј се со млеко. Истури млеко на креветот.
  6. Испрскај млеко на две места на градите.
  7. Не се туширај.
  8. Туширај се еднаш на секои 8 дена и пуштај ја водата со прекини. Излези од под туш веднаш откако ќе ставиш шампон на косата.
  9. Престани да си ги миеш забите.
  10. Легнувај си во 20 часот, но остани будна до 1 часот по полноќ. Ако некој те праша што правиш, кажи му дека си издвојуваш малку време за себе.
  11. Јади со една рака.
  12. Храната мора да биде ладна.
  13. Направи си 20 кафиња. Немој да испиеш ниту едно од нив.
  14. Оди на прошетка со бебешка количка и престорувај се дека си невидлива. Поттикни ги луѓето да зборуваат само за и со количката.
  15. Кога некој ќе те праша „Како е?“, зборувај само за каки и спиење.
  16. Плачи. Многу.
  17. Обезбеди си безжичен интернет за да можеш да гуглаш сè, вежбај гуглајќи колики, зошто бебето не спие, зошто бебето ме мрази, како да го вратам бебето во матката.
  18. Јади торта, ништо друго освен торта.
  19. Барај совети од луѓето за сè, речи им да објаснуваат надолго и нашироко и со снобовска надменост.
  20. Разбуди се сред ноќ збунета и врескај „каде е бебето?“.
  21. Гледај го твојот партнер како спие и замисли си дека му забиваш стап во разгрчената уста. Мрази го. Кажи му дека е идиот кој ништо не разбира и игнорирај го. Колку повеќе го игнорираш или му викаш, толку подобро за него за кога ќе пристигне бебето. Ако изгледа збунет, подготвени сте.

Со среќа! Уживајте идни мамички. Нека силата биде со вас.

Лаура Маза

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.