Почетна » Новости » Занимливости » Мајка порачува: Спомените се многу поважни од грижата за „салото“ на стомакот

Мајка порачува: Спомените се многу поважни од грижата за „салото“ на стомакот

Оливија Вајт сподели фотографија на својот профил на Instagram која јасно ги покажува несовршеностите на нејзиното тело. Фотографијата на која се видливи масните наслаги на нејзиниот стомак, блогерката ја споделила со цел да поттикне позитивен став кон промените на телото кои се резултат на бременоста.

Мајката на две мали дечиња во описот на фотографијата објасни дека ѝ била потребна храброст да се покаже себеси во такво светло, но и да се помири самата со себе дека телото не е веќе исто. Сепак, познатата австралиска блогерка поентира дека убавиот момент заробен на фотографијата е многу поважен од тоа како изгледа нејзиниот стомак.

„Не ја објавив оваа фотографија додека бевме на одмор затоа што мразев како изгледа мојот стомак. Колку и да се обидував да бидам самоуверена и да имам позитивен став кон мојата појава, тоа не е копче со чие притискање еден ден ќе станеш 110% задоволна со себе. Тоа е дневна обврска, а секој има добри и лоши денови... Но, не можеш да престанеш кога има мали очиња кои постојано те гледаат. Мора секој ден да се потсетуваш себеси дека си прекрасна, без разлика на мислењето на другите, но и на размислувањата кои твојот мозок се обидува да ти ги наметне. Ова е прекрасен момент помеѓу мојата ќерка и мене, сеќавање кое сакам да го зачувам засекогаш и ништо не може да го уништи тоа“.

За само неколку дена, Оливија забележала дека нејзината фотографија инспирирала многу мајки да ја пофалат нејзината храброст и да се почувствуваат подобро во врска со себе. Затоа, блогерката сподели уште една „несовршена“ фотографија во чиј опис го сподели своето мислење за важноста на убавите моменти без разлика на изгледот.

„Пред некој ден, кога ја споделив фотографијата од плажата, воодушевена бев од реакциите на други мајки кои споделија дека се чувствувале исто во врска со фотографии од себе и дека не зачувувале ниту објавувале фотографии поради тоа што не им се допаѓал нивниот изглед. Се разбира, некои луѓе немаа убави работи за кажување. А некои ме потсетија дека сум среќна што барем имам такви фотографии и знаете што- тие се потполно во право. А конкретно една мајка ме потсети зошто..

Еден од коментарите што ги примив беше од мајка од САД која штотуку изгубила два сина на 18 и 20 години во сообраќајна несреќа. Таа ме замоли да не се грижам како изгледам на фотографиите зашто таа неизмерно жали што речиси и нема фотографии со своите деца, токму поради истата причина. Срцето ми се скрши на милион парчиња. Очите ми се насолзија и во тој момент и тоа ме удри како цел тон тули. Знам дека приказната на оваа мајка е уникатна, но ние толку често се жалиме дека нѐ нема на фотографии поради тоа што ние фотографираме, а кога се фотографираме не ни се допаѓа како изгледаме и не ги ни зачувуваме фотографиите.

ДАМИ, ФОТОГРАФИРАЈТЕ СЕ! Побарајте го тоа од вашиот сакан, поставете тајмер, направете селфи, сеедно! Побарајте од непознат да ве фотографира, не е важно што мислат или велат останатите. Направете го тоа СЕГА! Земете ги вашите телефони, фотографирајте се со вашите прекрасни бебиња и не грижете се како изгледате, само направете фотографија и покажете му ја на светот. И не извинувајте се за тоа!“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.