Почетна » Новости » Занимливости » Мајка од Хрватска се маскираше во „собата на нејзините тинејџери“ и ги насмеа родителите низ светот

Мајка од Хрватска се маскираше во „собата на нејзините тинејџери“ и ги насмеа родителите низ светот

Мајка од Хрватска сподели една од маските кои ги има создадено за Халовин и насмеа илјадници родители низ светот.

Кристина Кузмиќ со видео прикажа како изгледала кога се преправила во „собата на нејзините деца-тинејџери“. 44-годишната Instagram и YouTube ѕвезда постави врз себе валкани садови, празни пакетчиња од чипс, чорапи и крпи – нешта кои многу често се исфрлени низ собите на тинејџерите.

@iamkristinakuzmic

Parents, here’s my Halloween costume from last year in case you weren’t sure what to dress up as.

♬ Halloween Theme (Opening) - Mike Chibante

Бројни се коментарите под хумористичното видео:

„Ако само можеш да додадеш уште 11 крпи за бањање“, „Ти фалат половина од шишињата за вода“, „Каде се сите полначи кои ќерка ми ги зеде од мене?“, „Никогаш не сум се смеела толку, ова е многу точно“, „Ова е пресмешно. Баш денес син ми рече дека наместо да оди на фитнес, ќе си ја исчисти собата. Не му верувам“, „Нема доволно чаши“ – се само дел од коментарите.

Кузмич има три деца и е многу популарна на социјалните мрежи. Таа е родена во хрватскиот град Осиек, а во САД се пресели за време на војната во 90-тите години. Слава стекна откако победи во натпреварот „My OWN Show“ во 2014 година и направи свое шоу.

Кристина Кузмиќ Кристина Кузмиќ Кристина Кузмиќ

„Низ сите мои подеми и падови како родител, добивав сè поголема страст да се обидам да ги охрабрувам родителите и да споделувам совети кои ми помогнаа патем. Започнав да создавам видеа за родителството, без никогаш да очекувам дека тоа ќе ми се претвори во кариера со полно работно време, но тоа се случи. Не можам да ви опишам колку сум благодарна што можам да заработувам од она што ми е страст.“

„Моите деца понекогаш сметаат дека е кул што толку многу луѓе ги гледаат видеата на нивната мајка, но другпат мислат дека е чудно нивните пријатели да гледаат видеа од стара жена како мене.“

„Ја обожавам Хрватска. Секојпат кога ќе ја посетам, се чувствувам како дома“ – вели таа.

Кристина Кузмиќ Кристина Кузмиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11412 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.