Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на девојче со Даунов синдром со моќна порака возврати на коментар во кој ќерка ѝ беше наречена „ретардирана“

Мајка на девојче со Даунов синдром со моќна порака возврати на коментар во кој ќерка ѝ беше наречена „ретардирана“

Џејд Ленон е мајка на 4-годишната Клои, девојче со Даунов синдром. Својот профил на Instagram, Џејд го користи за да се бори против дискриминацијата на лицата со Даунов синдром.

Даунов синдром

Сепак, понекогаш се случува добронамерноста на оваа мајка да наиде на негативност. Корисничка на Instagram, со коментар на фотографија од Клои, побара да биде избришан хаштагот daughter goals бидејќи никој не посакува да има „ретардирана ќерка“. Злобниот коментар предизвика лавина реакции од други корисници на Instagram.

Даунов синдром

Најпосле, и самата Џејд се огласи со моќна реплика. Прочитајте ја изјавата на оваа мајка со која таа повика на инклузија, љубезност и отворање кон разликите:

„Што стана со „ако немаш да кажеш нешто убаво, подобро не кажувај ништо“? Да се нападне ДЕТЕ на овој начин е апсолутно одвратно. Секогаш ќе има наукост и неразбирање околу инвалидитетот, но за среќа, таа неукост доаѓа од многу помал број луѓе отколку што доаѓаше во минатото.

Мојата ќерка е самоуверено, храбро, напредно, забавно и интелигентно 4-годишно девојче кое има повеќе достоинство и манири на нејзиното мало прсте отколку што ти некогаш ќе имаш.

Подигнувањето на свеста на позитивен начин е многу важно, а јас го правам тоа со страст токму поради вакви случаи. Ширете љубов и прифаќање, а не омраза. Се надевам дека сите пораки од луѓето кои ја сакаат и поддржуваат Клои, ти помогнаа да сфатиш. Ти посакувам убав ден“.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Во чест на октомври како месец на подигање на свеста за Дауновиот синдром, Џејд се огласи уште еднаш и напиша дека секогаш ќе се обидува да ги елиминира стереотипите.

„Овој пат, единствената порака која сакам да ја споделам е: Видете ја Клои! Видете дека има Даунов синдром, но дека тоа не ја дефинира. Видете ја како 4-годишно девојче кое оди во градинка, на часови за танцување, си игра со другарчињата и ѝ кради шминки на мајка си. Не претпоставувајте веднаш дека е глупава и дека не разбира. Всушност, таа е многу паметна. Не мислете дека ѝ треба екстра помош затоа што најчесто, таа нѐ врти околу малиот прст, што е навистина смешно. Не ограничувајте ги нејзините способности врз основа на нејзината дијагноза. Однесувајте се со неа како што би се однесувале со кое било друго 4-годишно дете. Позитивна дискриминација? Сочувство? Престанете. Видете ја Клои!“

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.