Мара Мартин беше вистинска сензација на ревијата на Sports Illustrated на модната недела во Мајами.
32-годишната манекенка ја доеше својата 5-месечна ќеркичка додека дефилираше во бикини на пистата пред бројната публика. Овој потег привлече бројни позитивни, но и негативни коментари.
„Не можам да поверувам дека се разбудив и видов насловни страници со мене и мојата ќерка на нив, за нешто што го правам секој ден“ – напиша Мара на Instagram, опишувајќи дека доењето е дел од нејзиното секојдневие.


Мара е горда што ги претставува и е пример за сите мајки кои работат, бидејќи и самата таа ја продолжила кариерата кратко време по породувањето.
„Благодарна сум што можам да ја пренесам оваа порака со надеж дека ќе го нормализирам доењето и ќе им покажам на другите дека жените МОЖАТ ДА НАПРАВАТ СЀ“ – дополни таа.


„Ни требаат повеќе жени како тебе. Повеќе вакви жени кои ќе му покажат на светот што е мајчинство, што значи да доиш бебе.“
„Ти си навистина прекрасна мајка и тоа што го направи на пистата е инспиративно и реално.“
„Ти благодарам што направи чекор во нормализирањето на доењето. Ти си херој за жените и твојот придонес ме прави особено горда.“
„Го ценам тоа што го покажа твоето природно тело по породувањето. Покажа дека можеш сè уште да бидеш модел без да ги следиш „стандардите“. Ти благодарам“ – пишуваат интернет корисниците во постот на Мартин.


Покрај бројните позитивни коментари, не изостанаа и критиките.
„Ти само сакаш внимание. Кутро бебе со мајка која мисли само на сопствената слава, а не на своето дете.“
„Па, таа го изгладнуваше своето бебе за тоа да цица на писта, само за публицитет. Не ми е гајле за доење во јавност, само ми е жал за бебето. Ако мајките сакаат да ги дојат своите бебиња, можат да најдат тивок ќош, за доброто на бебето, и да ги нахранат. Не мора да ги вадат своите гради пред целиот свет.“
„Знаеме дека тоа го направи за публицитет, па престани да се преправаш дека си изненадена што те има на насловни страници. Ве молам престанете да правите глупави нешта за внимание. Јас поддржувам доење во јавност, но не за време на проклето шоу. Има време и место за сè.“
„Општеството замина предалеку“ – се дел од ставовите на лицата кои не го поддржуваат потегот на Мара.

Во ревијата учествуваа и plus-size модели и учесници во Параолимписките игри.







