Почетна » Новости » Занимливости » Македонците ја обожаваат комбинацијата Битолски јогурт и Стоби Флипс

Македонците ја обожаваат комбинацијата Битолски јогурт и Стоби Флипс

Продадени се неверојатни 100 тона јогурт и 4 тона флипс за време на акцијата на Битолска Млекара и Витаминка со спојување на брендовите Битолски јогурт и Стоби флипс!

„Изненадени сме од позитивните резултати од акцијата и може слободно да кажеме дека совршените комбинации од вкусови настануваат по барање на потрошувачите. Оваа акција е по нивно барање. Пониска цена, посакувана комбинација на производи и резулатот е очигледен – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на БиМилк.

Битолски јогурт и Стоби ФлипсПостерот на акцијата „Битолски јогурт за здравје, Стоби Флипс за уживање!“

БиМилк и Витаминка се македонски компании кои постојат повеќе од 50 години и се препознатливи по квалитетот на производите кои ги нудат.

Слоганот на Витаминка долги години е Свет на вкусови, па така оваа комбинација од вкусови се вклопи во нашата идеја. Акцијата на Стоби флипс и БиМилк ја повторуваме веќе по втор пат, што е знак дека навистина по вкусот на нашите потрошувачи станува збор за совршена комбинација – изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.

Двата бренда поединечно се најбарани во својот пазар на производи, а воедно спаѓаат и во најпрепознатливите македонски брендови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.