Почетна » Новости » Занимливости » Македонскиот ајвар најдобар во светот според „TasteAtlas“

Македонскиот ајвар најдобар во светот според „TasteAtlas“

Страницата „TasteAtlas“, која е водич за традиционални јадења во различни земји, го прогласи македонскиот ајвар за најдобар во светот.

На првото место на листата за најдобри мезиња застана нашиот ајвар, додека македонскиот пинџур го зазеде четвртото место во истата категорија.

На листата се најдоа и „Pikliz“ од Хаити, „Lyutenitsa“ од Бугарија и „Zacuscă“ од Романија.

Ајвар

„Македонскиот ајвар е најдоброто задоволство во светот за 2023 година. Овој традиционален вкус од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните зачини низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар често е македонскиот, кој се прави само од црвени пиперки. Иако неговото потекло често се оспорува, се верува дека името ајвар потекнува од туркскиот збор ‘havyar’, што значи кавијар“ – стои во описот од „TasteAtlas“.

Ајвар Ајвар Ајвар

Македонскиот ајвар го доби и второто место на листата за најдобар намаз.

Ајвар Ајвар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.