Почетна » Новости » Занимливости » Маж ќе ѝ се извинува на сопругата со букет од милион рози

Маж ќе ѝ се извинува на сопругата со букет од милион рози

За да ја импресионира својата сопруга и таа да му прости за неодамнешна семејна кавга, богат маж од Казахстан нарачал мегабукет од еден милион црвени рози.

Црвени рози

Поради огромниот број нарачани рози, тој морал да побара соработка со цвеќарница во најголемиот град во земјата, Алмати. Богатиот клиент веќе ја платил дебелата сметка, а се разбира, добил и голем попуст.

„Сите рози ќе бидат холандски, ќе бидат црвени и со иста должина. Му даваме на нашиот клиент многу голем попуст. Никогаш досега во нашиот град немало толку голема нарачка“ – изјавил сопственикот на цвеќарницата.

Во земјата сите рози кои се нарекуваат холандски доаѓаат всушност од Еквадор, Кина или Узбекистан, но сопственикот ветил дека за оваа прилика ќе нарача вистински рози од Холандија.

Според локалните медиуми, една роза таму вообичаено чини 3 долари, но за празници цената се качува до 13-15 долари, што значи дека богатиот романтичар ќе плати помеѓу 3 и 15 милиони долари ако не го земеме во предвид попустот.

Или се работи за многу голема кавга, или за многу голем романтичар.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.