Почетна » Новости » Занимливости » Маж кој ги изгуби нозете како дете се искачи на Килиманџаро на раце

Маж кој ги изгуби нозете како дете се искачи на Килиманџаро на раце

Спенсер Вест навистина е несекојдневен човек. Неговата решителност, упорност и издржливост треба да бидат инспирација и лекција за сите нас.

Секоја година околу 35.000 луѓе се обидуваат да се искачат на Килиманџаро, но само половина од нив успеваат да стигнат на врвот. Спенсер, кој ги изгубил двете свои нозе како дете, успеал движејќи се на раце да се искачи до врвот.

Спенсер на врвотСпенсер на врвот

Седум дена 31-годишниот Канаѓанец и неговите пријатели и поддржувачи се искачувале за да стигнат на Кибо, највисокиот врв на Килиманџаро, кој се наоѓа на 5.895 метри надморска височина.

Искачувањето на Килиманџаро

„Си поставив цел да го искачам Килиманџаро не само за да го предефинирам она што е возможно за мене, туку и за ги инспирирам другите да преминат преку сопствените пречки и предизвици и да дадат нешто за возврат на општествата на кои им е потребна помош. Искачувањето на врвот на Килиманџаро беше најтешкиот физички и психички предизвик за мене, но тоа ја засили моќната порака да веруваш во себе и во другите. Многу луѓе ми помогнаа за да го остварам ова и трогнат сум од поддршката на сите нив“ – изјавил Спенсер.

Искачувањето на Килиманџаро Искачувањето на Килиманџаро Искачувањето на Килиманџаро

Со своето мачно патување, Спенсер успеал да собере 500.000 долари за хуманитарни цели. Парите се наменети за организацијата „Free The Children“, која обезбедува чиста вода за илјадници жители на Кенија.

Искачувањето на Килиманџаро Искачувањето на Килиманџаро

Решителниот Канаѓанец се искачувал со двајцата свои најдобри пријатели. „Се плашевме дека нема да стигнеме до врвот, особено кога се разболи мојот пријател. Но, затоа дојдовме тројцата, за да си помагаме. Се потпиравме еден на друг, буквално, за да стигнеме до врвот“ – изјавил Спенсер, кој поминал 80% од патот движејќи се на раце, а во останатото време седел на инвалидска количка.

Пријателите на СпенсерСамо 20% од патот Спенсер го поминал на инвалидска количка

Спенсер е роден со недоволно развиен ‘рбетен столб, а неговите нозе биле перманентно скрстени. На 3-годишна возраст докторите му ги ампутирале нозете до колената, а кога имал 5 години нозете му биле целосно ампутирани.

Спенсер додека вежбаСпенсер со своите пријатели интензивно се подготвувал за мачното патување Спенсер со своите пријатели

„Кога беше бебе, докторите ни кажаа дека тој нема да може да постигне многу во животот“ – изјавила неговата мајка. Но, за среќа докторите не биле во право – Спенсер е вистински борец кој постигнал многу повеќе од многу други луѓе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11586 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.