Како и секоја година кон крајот на јануари најголемиот моден саем Salon International de la Lingerie во Париз ги покани најуспешните понудувачи и главни познавачи на долната облека. Меѓу повеќе од 360 брендови кои ги претставија колекциите за есен/зима 2018 година беше и Lisca.
Како најдобри трендовски модели се издвоија проѕирниот триаголен градник, килотите со висок струк и проѕирното боди - женствени ноистовремено и заводливи модели.
Креациите на Lisca беа забележани на модната ревија „Nightlights“, на која се претставија сите најпознати брендови, а Lisca се истакна со луксузните и сензуални модели од линијата Selection.


Посебен успех е изборот на Lisca во модното списание »The Selection«, во која организаторот на најголемиот моден настан во светот на долната облека ги издвои главните трендови за претстојната сезона - помеѓу останатите модели избрано е и проѕирното боди од колекцијата Lisca Selection.

Комерцијален текст