Почетна » Новости » Занимливости » Лекција по дарежливост: Наставници ја прекинале редовната настава за децата да прават сендвичи за сиромашните

Лекција по дарежливост: Наставници ја прекинале редовната настава за децата да прават сендвичи за сиромашните

Група наставници во американско основно училиште решиле да ја прекинат редовната настава за барем еден час и да им одржат на децата лекција која ќе им биде од огромно значење во реалниот живот. Имено, наставниците сакале на суптилен начин да им го доловат на дечињата проблемот со сиромаштијата и да им објаснат дека има такви луѓе кои во екот на празничната магија немаат храна на трпезата.

Наставниците ги поттикнале децата во времетраење од еден час да прават сендвичи и им објасниле дека нивниот труд истиот ден ќе направи некого среќен, на што едно од дечињата рекло „ако сите сме добри еден кон друг, светот би бил навистина среќно место“. Настанот поминал под геслото „Дарежливоста шири дарежливост“, а штом на дечињата им било објаснето значењето на оваа порака, тие со голема радост зеле учество во акцијата.

Сендвичи

Во рок од еден час биле направени 150 сендвичи, а децата биле среќни што прават нешто кое е од големо значење за другите луѓе. „Денес направивме сендвичи за луѓето во нашата заедница кои немаат доволно храна. Организирањето на денешниот настан беше навистина лесно. Зедовме леб, путер од кикирики, џем и од нив правевме сендвичи. Тоа што ги даваме сендвичите прави да се чувствувам одлично бидејќи си мислам дека направив нешто за некого“ – вели една од малите учеснички во акцијата.

„Ова се лекции за кои се надевам дека децата ќе ги понесат со нив како што растат“ – вели еден од организаторите на акцијата. На крајот од забавно поминатиот час, учениците се согласиле дека акцијата била всушност лесна за спроведување и дека е исто така лесно некому да се помогне. „Секој може да направи нешто вакво. Така некому би му го разубавиле денот“ – велат хуманите ученици.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.