Почетна » Новости » Занимливости » „Крвава месечина“: Најдолгата лунарна еклипса овој век ќе се случи овој месец

„Крвава месечина“: Најдолгата лунарна еклипса овој век ќе се случи овој месец

Жителите на источната хемисфера месецов ќе може да се насладуваат на импресивна глетка на небото, а тоа е „крвавата Месечина“. Целосната лунарна еклипса, која ќе се случи вечерта на 27 јули, ќе биде најдолгото целосно затемнување на Месечината во 21 век.

Крвава Месечина

Според НАСА, лунарната еклипса на 27 јули ќе трае 102 минути и 57 секунди, што е само за 4 минути помалку од времето што најмногу може да трае една лунарна еклипса. Математички, еклипсата може да трае најдолго 1 час и 47 минути.

Во Македонија, лунарната еклипса ќе започне во 21.30 часот и ќе трае до 23.11 часот. Пикот на еклипсата ќе биде во 22.22 часот. Да се надеваме дека временските услови ќе ни овозможат да го проследиме овој редок феномен на небото.

Крвава Месечина се нарекува настанот кога Месечината е голема и црвеникава. Се случува само кога е полна месечина.

Во моментот кога може да се набљудува овој феномен, Месечината минува директно зад Земјата и влегува во нејзината најтемна сенка. За да се случи тоа, Сонцето, Земјата и Месечината треба да формираат совршена линија меѓу себе.

Сончевите зраци кои во тој момент стигнуваат до Месечината минуваат прво низ Земјината атмосфера, која филтрира најголем дел од сината светлина, правејќи Месечината да изгледа црвено.

Крвава Месечина Крвава Месечина

Јулската лунарна еклипса ќе биде толку долга затоа што Месечината ќе помине речиси директно низ центарот на Земјината сенка. На тој ден, Месечината ќе биде во својата најоддалечена точка на орбитата околу Земјата, па ќе изгледа помало на небото и ќе ѝ биде потребно подолго време за да излезе од сенката на Земјата.

Крвава Месечина Крвава Месечина Крвава Месечина Крвава Месечина

Лунарната еклипса најдобро ќе се гледа од Источната хемисфера на светот – делови од Европа, Африка, Азија, Австралија и Нов Зеланд.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.