Жена доби предлог за брак на кој никој не би можел да каже НЕ. Таа беше запросена не од еден, туку од пет „мажи“ – нејзиниот сакан и неговите четири синчиња.



Кога Кевин одлучил да ја побара за жена својата сакана, Малија, тој сакал да ги вклучи и своите синови. Заедно со сестра си, која е фотографка, тој смислил неодолив предлог, кој разнежи илјадници лица.
Сестрата на Кевин ја намамила Малија да мисли дека ќе ѝ прави фотосесија, водејќи ја на договорената локација. Во старо поштенско сандаче таа скрила писмо, кое Кевин го напишал уште пред неколку години непосредно по разводот од бившата сопруга, а кое било адресирано до неговата идна жена.
Додека Малија читала, зад неа на колено клекнал нејзиниот сакан и четирите синчиња, кои држеле рачно изработени прстени. Фотографиите од настанот се полни со среќа, радост и насмевки.





За моментот, фотографката пишува:
Не се гледа секој ден запросување од 5 „мажи“! Сите имаа нешто да кажат: „Госпоѓице Малија“, „Дали“, „Ќе се“, „Омажите“, „За мене“?
Животот не е секогаш онаков каков што посакуваме да биде. Брат ми помина низ многу нешта во изминатите неколку години. Отсекогаш сум го обожавала мојот постар брат, но во последните неколку години, го гледав како се менува кон подобро на повеќе начини одошто можам да напишам. Тој е забавен. Се смее наглас, брз е и остроумен во својот хумор. Многу е добар. Тој е личност што прави сите да се чувствуваат посебно. Сакав тој да пронајде љубов. Се надевав и се молев за тоа...
И Малија се молеше да добие сопруг со години. Не помина долго време пред тие да започнат да се состануваат и да се вљубат еден во друг.
За Велигден таа се запозна со нашето семејство и беше волшебно да ги гледам заедно. Начинот на кој се гледаа еден со друг, начинот на кој се вклопуваа во седењето на каучот, начинот на кој момчињата ја обожаваа, беше повеќе одошто се надевав за мојот брат.
Кевин сметаше дека е соодветно само ако ги вклучи момчињата во предлогот, а јас бев пресреќна што можев да го фотографирам тоа. Ја измамив Малија да си мисли дека ќе ја фотографирам сама на локација за свадбени фотографии. Секогаш правам фотографии, па ова не беше сомнително. Бев многу нервозна. Срцето силно ми чукаше цело време. Тој имаше план и сакаше да биде совршен за неа.
По неговиот развод пред неколку години, Кевин напиша писмо за неговата идна сопруга. Го скрив тоа писмо во мала поштенска кутија надвор од шталата. Додека шетавме, ѝ реков: ‘Види, има нешто таму’. Додека го читаше писмото со солзи во очите, сите момчиња се прикрадоа и клекнаа на колено зад неа. Сите имаа рачно изработени прстени на нивните мали рачиња и ја запросија да биде нивна засекогаш. Никогаш нема да заборавам колку радост извираше од срцата на сите.
Тоа беше најслаткото нешто што некогаш сум го видела. Момчињата беа пресреќни. Чекаа на ред за да ја гушкаат. Нивната љубов е навистина посебна. Никогаш нема да ги заборавам насмевките и кикотењата. Таа толку посакуваше да биде мајка и сопруга, а сега нејзините соништа се остваруваа.
Можете да видите колку многу ова им значеше нив. Тоа беше љубовен празник. Нивната приказна е приказна за надеж, втори шанси, спас, преданост и се разбира, љубов.















