Почетна » Новости » Занимливости » Кампања предупредува зошто родителите не треба да споделуваат фотографии од децата на социјалните мрежи

Кампања предупредува зошто родителите не треба да споделуваат фотографии од децата на социјалните мрежи

Кампања снимена од Телеком Германија ќе ги замисли сите родители.

Видеото ги предупредува мајките и татковците да не споделуваат фотографии и податоци од своите деца на социјалните мрежи, бидејќи истите многу лесно можат да бидат злоупотребени.

Видеозаписот ја прикажува малата Ела, чиј лик со помош на вештачката интелигенција (AI) е претворен во дигитална возрасна верзија од неа. На тој начин таа им се обраќа на своите родители.

Таа ги предупредува мајка си и татко си за последиците кои можат да се случат од споделувањето на видеа и фотографии од неа.

Од исмевање на социјалните мрежи, кражба на идентитет, па сè до детска порнографија... сите информации споделени онлајн можат да завршат на погрешно место.

„Знам, за вас овие фотографии се само спомени, но за другите, тоа се податоци. А за мене, тоа може да биде почеток на ужасна иднина. Иднина каде мојот идентитет може да биде украден, каде можам да одам во затвор за нешта кои никогаш не би ги направила. Замисли мамо, гласот може да ми биде ископиран за да ве прелажат за пари. Не сакам да станам меме понижувано од сите на школо. И со сигурност не го сакам ова...“ – вели дигиталната верзија од Ела, додека се прикажува фотографија од неа на сајт за детска порнографија.

„Тоа што вие го споделувате онлајн е како дигитален отпечаток кој ќе ме следи целиот мој живот. Ви го кажувам ова бидејќи знам дека ме сакате и дека нема да направите ништо што би ме повредило, затоа те молам мамо, те молам тато, заштитете ја мојата виртуелна приватност“ – дополнува таа.

Telekom kampanja Telekom kampanja Telekom kampanja

Истражувањата покажале дека до 2030 година најголем дел од измамите со кражба на идентитет можат да бидат предизвикани од споделувањето на снимки од страна на родителите.

Telekom kampanja

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11400 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.