Почетна » Новости » Занимливости » Како да му ги испратите вистинските сигнали и да дознаете дали е заинтересиран за вас?

Како да му ги испратите вистинските сигнали и да дознаете дали е заинтересиран за вас?

Во секојдневните контакти сите ние им испраќаме на другите луѓе суптилни сигнали кои понекогаш може да кажуваат многу повеќе од нашите зборови. Експертите велат дека таквата невербална комуникација е многу значајна за љубовниот живот.

Телевизиското шоу „Good Morning America“ направи мал експеримент и испрати две храбри жени во бар во Њујорк за да може да се утврди што помага, а што не помага во денешно време при состанувањето. Тоња Риман, експерт за јазикот на телото, набљудувала како се однесувале учесничките во експериментот и на крајот составила списоци на нешта кои жените треба и не треба да ги прават кога се на љубовен состанок, а и листа на работи на кои треба да внимаваме за да откриеме дали некој е заинтересиран за нас или не.

Љубовен состанок

Што треба да правите?

  • Бидете свесни за своите потези. Во секој момент обрнувајте внимание какви сигнали испраќате.
  • Насмејте се. Заразно е.
  • Играјте си со косата. „Можеби ние си играме со косата, но тоа значи – гледај во мене“ – објаснила Риман.
  • Користете природни миризби како ванила или лаванда.
  • Разголете ги зглобовите на раката – тие се едни од неколкуте ерогени зони.
  • Насочете го своето тело кон него.
  • Навалете ја главата налево (истражувањата покажуваат дека тоа е сексуално привлечно).
  • Кимајте со главата додека тој зборува.
  • Бидете поотворени.
  • Останете вклучени во разговорот.
  • Седете исправени и држете ја главата високо.
  • Гледајте го вашиот соговорник во очите, потоа погледнете надолу и повторно нагоре во него.
  • Допирајте го кратко секогаш кога ќе ви се пружи можност, но на несексуални делови од телото.

Што не треба да правите?

  • Не шетајте со погледот низ целата просторија, затоа што така ќе изгледате несамоуверени.
  • Ограничете го пишувањето на SMS-пораки.
  • Не седете врз своите раце.
  • Не седете подгрбавени. Наведнатите опуштени рамена не се привлечни.
  • Не седете со прекрстени раце, затоа што тоа значи дека сте во дефанзивна положба.
  • Не ги држете рацете во џебовите.
  • Не седете со прекрстени нозе.
  • Не му се приближувате премногу пред да процените дали е заинтересиран.
  • Не ги тријте дланките една од друга.
  • Не го допирајте и не го тријте носот.

Тој е заинтересиран ако...

  • Ве гледа и веѓите му се подигнати нагоре.
  • Зениците му се проширени.
  • Усните му се малку разделени.
  • Ве погледнува бавно нагоре, па надолу.
  • Целосно е фокусиран на вас, исто како само вие да постоите во просторијата.
  • Се допира додека се гледа во вас (поминува со раката низ косата, ги мести чорапите, си ја чисти блузата со раката).
  • Брзо ги подигнува и спушта рамената додека зборува.
  • Позира – седи исправен, со градите напред и собран стомак.
  • Го наведнува горниот дел од телото кон вас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.