По соопштувањето на веста за свршувачката, приватните животи на принцот Хари и Меган Маркл се ставени под медиумската лупа и внимателно анализирани до најмал детаљ.
Веќе неколку дена на социјалните мрежи се шири споредбата на Меган и Хари со заљубените дечиња Сем и Џоана од познатиот филм „Love Actually“.
На Twitter се распространија фотографии од споредба на кралскиот пар со ликовите од филмот, а несомнено и вие ќе се согласите дека сличноста е неверојатна.

„Love Actually“ раскажува осум љубовни приказни, а едната од нив е на слатките Сем и Џоана, кои се глумени од Томас Броди-Сангстер и Оливија Олсон.
Актерот Томас и принцот Хари се Британци и и двајцата имаат црвена коса, додека Меган и Оливија имаат родители од различни раси и живеат во Америка.

