Иванка Трамп и Џаред Кушнер направија пауза од работните обврски и му се посветија на семејството. Парот заедно со своите три мали деца беше фотографиран во Вашингтон.
35-годишната „прва ќерка на САД“ и нејзиниот 36-годишен сопруг ги одведоа 6-годишната Арабела, 3-годишниот Џосеф и 1-годишниот Теодор во синагога, за одбележувањето на еврејскиот празник Сукот.



На фотографиите, Иванка носи црн фустан со чипка, соодветни црни обувки и зелена шапка.



Слатките дечиња се забавуваа возејќи се на тротинети.












Откако стапи во брак со Џаред во 2009 година, Иванка ја промени својата религија – од протестантска вера премина во јудаизам. Таа го прифати еврејското име Јаел.








