Почетна » Новости » Занимливости » Зошто сè повеќе жени купуваат онлајн?

Зошто сè повеќе жени купуваат онлајн?

Онлајн шопингот направи револуција во начинот на кој купуваме, бидејќи нуди низа придобивки кои не ги нудат обичните продавници. За време на празничната сезона, на пример, многу потрошувачи се вртат кон онлајн платформите како Ananas, каде што можат да пристапат до безброј зделки, без да се борат со толпа купувачи во преполни продавници.

Се проценува дека до 2040 година, околу 95% од сите купувања ќе се одвиваат онлајн, а подолу може да прочитате кои се клучните предности на овој тип на шопинг и зошто сè повеќе луѓе (читајте: жени) се одлучуваат за онлајн пазарење.

Онлајн шопинг

Шопингот како ритуал

Кога купувате онлајн, не сте ограничени со време - имате пристап до производите 24/7 и може да купувате во она време кое вас најмногу ви одговара, без потреба да се придружувате до работното време на продавницата.

После долг и макотрпен ден, многумина сакаат да облечат пижами или некоја удобна облека, да ги имаат при рака кафето и омилените грицки и да се опуштат со онлајн пазарење. Онлајн шопингот ни дава пристап до море од можности, а најдобриот дел е тоа што може да купуваме со свое темпо и да си дадеме време пред да направиме одлука.

Модерниот начин на живот создаде сосема нов начин на купување облека. Голем број жени сега одвојуваат неколку часови листајќи ги производите на нивната омилена страница. Онлајн шопингот е ритуал во кој уживаме и нè прави среќни.

Повеќе време за себеси

Дали се чувствувате како постојано да го микроменаџирате своето време? Покрај работните и домашните обврски, купувањето на намирници за дома, облека или бела техника, често звучи како уште една работа која треба да ја ставиме на нашата листа на обврски.

Замислете го ова: наместо да се движите низ преполните продавници, вие го пиете омилениот пијалак дома и лежерно ставате намирници во виртуелната кошничка, одбирате парчиња облека или скролате додека не го најдете совршениот подарок за нечиј роденден.

Доколку купувате облека, онлајн ќе најдете многу голема и разновидна понуда. Дополнително, ќе можете да филтрирате стилови, големини и бои, што значи дека ќе заштедите многу време кое би го минале во соблекувалните. Доколку онлајн ги испазарите сите работи кои ви се потребни, ќе ви остане многу повеќе време за себе и нештата кои навистина ве прават среќни.

Онлајн шопинг

Најголемата понуда на производи е онлајн

Не можете да го најдете најновиот модел на iPhone во салон? Ви недостига специфична алатка за некои од вашите мали кујнски апарати која ја нема во ниту една локална продавница? Што и да ви е потребно, нема потреба од стрес, бидејќи продуктите кои ви се потребни, а ги нема по продавниците, лесно може да ги најдете онлајн. Една од клучните придобивки од онлајн шопингот е тоа што на интернет се продаваат специфични и тешко достапни производи кои не можете да ги најдете секаде.

Онлајн шопингот овозможува со само пар кликови да споредувате неколку слични производи според изглед, бренд и цена. Исто така можете да прочитате препораки од други купувачи што ќе ви помогне да донесете добро информирана одлука и да го купите најдобриот производ за вас според вашиот вкус, потреба, стил и буџет.

Заборавете на долги редици и преполни соблекувални

Со нетрпение чекате попусти, но се плашите од лудилото во трговските центри за време на Black Friday? Дури и да сте најтрпеливиот купувач, долгите редици, преполните ходници и соблекувални, како и агресивните купувачи, сигурно ќе се обидат да ви го уништат денот.

Кога купувате онлајн, можете да наидете на одлични зделки и попусти и да ги избегнете гужвите и хаосот, што значи дека ќе можете да го извлечете најдоброто од шопингот.

Избегнувањето на гужви не само што ќе ви заштеди време, туку и ќе го намали стресот за време на купувањето. Денес, сите сме изложени на стрес во различни ситуации, па зошто дополнително да имаме стрес за време на шопингот, кога можеме да ја завршиме таа обврска од удобноста на својот дом?

Мирното купување на сите им одговара и не се однесува само на пазарење за време на празничната сезона или Black Friday, ова е погодност која овозможува никогаш повеќе да немате мака од преполни продавници.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.