Почетна » Новости » Занимливости » „Зошто жените ме мразат што сум убава?“ – хит статија на интернет

„Зошто жените ме мразат што сум убава?“ – хит статија на интернет

Одвреме-навреме на интернет се појавува новост која поради провокативната природа привлекува огромно внимание. Таков е случајот со статијата на Саманта Брик со наслов: „Има негативни страни на тоа да си толку убава: Зошто жените ме мразат што сум прекрасна?“.

Саманта БрикСаманта Брик

Уште по читањето на самиот наслов, сигурно ќе ви надојдат негативни чувства, но откако ќе прочитате како 41-годишната Британка се фали за вниманието кое го добивала од мажите поради нејзината убавина и како жените цел живот ѝ поставувале сопки поради љубомора, веднаш ќе ви стане јасно зошто се крена толкава врева околу нејзината статија на Daily Mail.

Саманта Брик

Еве ја речиси целата статија:

Има негативни страни на тоа да си толку убава:
Зошто жените ме мразат што сум прекрасна?

За време на неодамнешно патување со авион за Њујорк, бев воодушевена кога дојде стјуардеса и ми даде шише шампањ. „Ова е од пилотот – ви посакува добредојде на авионот и се надева дека денес ќе имате одличен лет“ – ми објасни таа.

Сигурно си мислите „колку убаво изненадување“. Но, додека тоа навистина беше убаво, не беше изненадување. Или барем не беше за мене. Во текот на целиот мој „возрасен“ живот редовно во ресторани ми носеле шишиња вино на мојата маса од мажи кои не ги познавам. Во една прилика, убаво облечен маж ми купи билет за воз додека чекав зад него на редот, а во друга прилика, шармантен господин ми го плати таксито додека излегував од автомобилот во Париз.

Друг пат, додека се шетав низ улицата Portobello Road во Лондон, некој ме допре на рамото и ми даде букет цвеќе. Дури и шанкерите често ми ја враќаат кредитната картичка кога ќе се обидам да ја платам сметката.

И секогаш кога ќе прашав со што заслужив таков однос, оние кои ми ги давале подароците ми го кажувале истото: мојот пријатен изглед и убавата насмевка им го разубавиле денот.

Иако не сум Ел Мекфирсон, јас сум висока, слаба, русокоса и како што ми кажувале сум жена со убав изглед. Знам колку сум среќна поради тоа. Но, има негативни страни на тоа да си убава, основно што другите жени ме мразат, и тоа за ништо друго, туку само заради мојот изглед.

Ако си жена и го читаш ова, сигурно веќе си имаш оформено мислење за мене и знам дека тоа нема да биде убаво. Не сум самобендисана, не флертувам, а сепак во текот на годините ме откачувале многу пријателки кои ме гледале како закана, дури и само кога сум била во присуство на нивните партнери. Ако партнерите се осмелеа да ми зборнат, одненадеж ќе се спуштеше студ во собата.

И не ме исфрлиле од својот живот само љубоморни жени. Несигурните шефици не ми давале унапредувања на работа. И ниту една пријателка не ме поканила да ѝ бидам деверуша на свадбата.

Јас многу работам на својот изглед – не пијам и не пушам, вежбам, дури и кога не сакам, и многу ретко уживам во чоколадото. За жал, жените ништо не ги нервира повеќе од тоа некоја друга да е најубавата девојка во собата.

Еве пример од минатата недела, додека бев надвор и ги шетав кучињата, помина една сосетка со својот автомобил. Ѝ мавнав, но таа бесрамно ме игнорираше. А, тоа е жена чии синови престојувале во мојата куќа и која била пречекана во мојата куќа во повеќе наврати.

Ѝ се обратив на заедничка пријателка и дискретно ја запрашав дали сум погрешила нешто. Очигледно, единственото злосторство што сум го направила е што не излегувам од куќата со кеса на главата. Открив дека таа не ме сака затоа што ме гледа како закана. Пријателката ми посочи дека таа е пониска, потешка и постара од мене.

Според нашата заедничка пријателка, таа верувала дека нешто може да се случи помеѓу мене и нејзиниот сопруг ако се погодат околностите. И покрај тоа што јас сум среќно омажена четири години.

Тоа не е единствениот пат кога таква параноја ги обзема жените кои се околу мене. Во моите 20-ти години, кога започнав за првпат да работам во телевизија како истражувач, една шефица која беше во доцните 30-ти години редовно ме канеше на вечера по долгите часови поминати на работа.

Секогаш ја прифаќав нејзината понуда. Но, еднаш нејзиниот партнер беше дома. Сите имавме испиено по неколку чаши вино и тогаш тој и јас рековме дека ја сакаме песната која ја слушавме. Таа му се развика на својот зачуден партнер поради тоа што му сум се допаѓала, а потоа ми се сврти мене и ме нарекуваше со зборови кои нема да ги повторам, за тоа што сум си ја бојадисувала косата и што сум носела кармин. Ги одбив сите наредни покани...

Јасно е дека кога имаш шефица, најдобро е да ја оставиш да блеска, но кога имаш шеф, тогаш играта се менува: имам пишувано за тоа како флертував за да напредувам во работата, нешто што сум сигурна дека го прават многу жени.

Мислам дека постарите жени се најнепријателски настроени кон убавите жени, можеби затоа што чувствуваат дека нивната убавина исчезнува. Мојот сопруг е десет години постар од мене и неговото друштво е исто така повозрасно. Како Французин, тој се гордее кога ќе слушне од други мажи дека сум убава жена и секогаш ми вели со насмевка да ги дочекувам „кучкинските“ коментари од други жени.

...вечерните забави и друштвените собири ме плашат и ако не можам да ги избегнам, се облекувам скромно во фармерки и старомодна, но убава блуза. Но, дури ни тие тактики не се успешни секогаш. Земете ја за пример летната забава на која присуствувавме со мојот сопруг. Во еден момент, домаќинот кој го славеше педесеттиот роденден реши дека сака фотографија со сите жени гостинки. Фотографот предложи јас да застанам од неговата десна страна. Една жена која едвај ја познавав ме турна од патот и викна дека не е фер кон другите жени ако јас доминирам на фотографијата. Бев скршена и прснав да плачам.

Па сега, имам 41 година и веројатно сум една од малкуте жени кои влегуваат во петтата деценија од животот радувајќи се дека ќе им се влоши изгледот. Со нетрпение ги очекувам брчките и седата коса кои ќе ми помогнат да не се истакнувам.

Можеби „сестринството“ конечно ќе престане да ме осудува толку остро поради тоа како изгледам и ќе ме прифати поради она што навистина сум.

Саманта Брик

Саманта Брик Саманта и нејзиниот сопруг ПаскалСаманта и нејзиниот сопруг Паскал

Статијата стана светски хит и Саманта стана една од најозборуваните жени на светот. Повеќе од 204.000 луѓе ја споделиле статијата на Facebook, а речиси 6.000 го оставиле своето мислење во коментарите. Социјалните мрежи беа местото каде што луѓето го изразуваа својот став и најчесто ја осудуваа и навредуваа самоуверената новинарка.

„Нарцизам, твоето име е Саманта.“

„Не ми е интересно да коментирам за изгледот на Саманта. Но, би сакала да знам од каде ги купува своите огледала, затоа што планирам да го сменам моето.“

Ова се само два од многуте коментари против Саманта. Многу луѓе коментираа дека таа живее во заблуда, а многумина се прашуваа дали ова не е задоцнета првоаприлска шега.

Саманта и нејзиниот сопруг ПаскалСаманта и нејзиниот сопруг Паскал

Сепак, негативните коментари Саманта ги сфати само како уште еден доказ кој потврдува колку многу ја мразат жените за тоа што е убава.

Наредниот ден таа имаше одговор за сите негативни пораки кои ги добила. „Без сомнение, ова е проблем поради мојот пол. Не само затоа што ме напаѓаат основно жени, туку и затоа што сум напаѓана поради тоа што сум жена и поради тоа што ја осознавам мојата привлечност. Ако Бред Пит речеше Јас сум згоден дечко, тогаш цел свет ќе се согласеше со него. Но, ако Анџелина Џоли го изречеше истото, таа ќе беше изложена на истите напади на кои бев јас вчера“ – изјавила Саманта.

Шегите на сметка на СамантаДел од шегите на сметка на Саманта

Славата на Саманта не стивнува и таа веќе си обезбеди интервјуа со некои од најголемите медиуми во светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.