Почетна » Новости » Занимливости » Запознајте ја Виктори Бринкер, најмладата оперска пејачка во светот која може да пее на осум различни јазици

Запознајте ја Виктори Бринкер, најмладата оперска пејачка во светот која може да пее на осум различни јазици

Ова е Виктори Бринкер, која на само 7 години и 314 дена стана најмлада оперска пејачка во светот и се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Девојчето со уникатен глас успеа да ги одушеви сите присутни на America’s Got Talent во 2021 година и го доби првото групно златно копче.

Виктори Бринкер Виктори Бринкер Виктори Бринкер

Виктори денес има 11 години, но кога ќе ја видите нема ни да можете да претпоставите колку моќен глас се крие во неа. Таа може да пее на осум различни јазици, меѓу кои француски, италијански, германски и шпански јазик, а нејзиниот глас има распон од три октави.

Талентираното девојче било посвоено од семејството Бринкер како новороденче и има 10 браќа и сестри. Уште од 2-годишна возраст, Виктори пеела цели песни, а на 3-годишна возраст можела да ги запомни цели албуми.

Виктори Бринкер Виктори Бринкер Виктори Бринкер

Кога имала само 6 години, побарала од мајка ѝ да ѝ покаже видеа од пејачка која ги пее највисоките ноти и тогаш изјави дека сака да биде оперска пејачка. Три недели подоцна, победила на првиот поголем натпревар, а таа година победила на 12 од 13 шоуа за таленти на коишто се пријавила.

„Виктори понекогаш пее и во сонот. Се обидуваме да сфатиме која песна ја пее“ – изјави мајка ѝ.

Во 2019 година, Виктори била професионално ангажирана да настапува во театарот во Питсбург, а тој ангажман беше причината да влезе во Гинис.

„Сакам да ги инспирирам другите да ги следат нивните соништа“ – вели таа.

Виктори Бринкер Виктори Бринкер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.