Комерцијален текст
Skopje City Mall на 4 октомври слави пет години од своето постоење и по тој повод организира неколкудневна богата програма исполнета со добра забава и активности. Откако ги отвори своите врати пред 5 години, овој трговски центар направи вистинска револуција во шопинг искуството и се постави како регионален лидер помеѓу трговските центри.

Од трговскиот центар најавуваат тридневен шопинг фестивал од 6 до 8 октомври, каде сите љубители на шопингот ќе можат да ги искористат големите попусти и да купуваат во продавниците на своите омилени брендови. На 7 октомври организираат и Late Night Shopping кога продавниците во трговскиот центар ќе работат до полноќ. Истата вечер ќе се одржи и ултра-спектакуларно музичко шоу со најпознатите домашни изведувачи кои твореа и имаа хитови во 90-тите години. После полноќ ќе настапи реномираниот Dj James Zabiela. Низ ходниците на трговскиот центар ќе се одржи и една „модна потрага”, односно ќе се избере стилски најдобро облечените посетители.

Како и секогаш, така и овојпат од Skopje City Mall не ги забораваат и нивните најмали посетители, односно на 8ми октомври тие организираат Семеен ден со настап на Петко и бендот 5+.

Skopje City Mall за овие 5 години успеа да стане едно од најпрепознатливите обележја на модерно Скопје, најголем трговски центар со најдобрите странски и домашни брендови собрани на едно место и главно собиралиште на скопјани. Со една реченица, Skopje City Mall прерасна во успешна приказна и неизоставен дел од животот на секој човек.